Tuesday, 16 October 2012 19:01 Занимливости

За да покаже дека христијаните ги следат само оние делови од Библијата кои им одговараат, една Американка направила експеримент - 12 месеци живеела точно онака како што Библијата налага.

Рејчел Хелд Еванс е американски блогер и писател од Тенеси која последната година ја поминала слепо следејќи ги правилата за жени кои ги налага Библијата, поточно поглавјата од 15 до 18 од Левит. Во случај да не сте знаеле, Светата книга на христијаните содржи мноштво правила до кои жените би требало да се придржуваат, некои од нив се експлицитни, некои не се, но можете да ги прочитате и самите во Библијата.

Рејчер 12 месеци сама си ја шиела облеката, се воздржувала од сексуални односи, дури и од допирање на својот сопруг, не ја стрижела косата, еднаш месечно спиела во шатор на отоврено, со себе секогаш носела перниче за седење за да избегне седење на столчиња во туѓи куќи... Звучи смешно, дури и лудо, но Рејчел на овој потег се одлучила за да покаже дека христијаните се држат само до оние делови од Библијата кои ним им одговараат.

Критиките биле бројни, а најгласни биле конзервативците за кои верувала дека ќе и пружат најголема поддршка. „Изгледа дека постои голем страв од тоа на луѓето да им се покаже што точно значи да се живее онака како што Библијата налага“, вели Рејчел, која покрај критиките издржала сите 12 месеци и сега подготвува книга во која ќе го опише целото свое искуство.

Книгата требало да ја објави најголемиот американски издава на христијанска литература, но тие од неа барале од книгата да го исфрли зборот „вагина“ на што таа била подготвена, но по онлајн петиција на нејзините читатели, одлучила да ја остави оргиналната верзија. „Писателите ги прилагодуваат своите дела на тој строг, конзервативен калап, што значи дека не ги создаваме најдобрите кнгии кои би можеле да ги создадеме. Сите се трудат да ги задоволат општоприфатените барања“, вели Рејчел.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...