Saturday, 06 October 2012 08:46 Занимливости

Сте подготвиле биографија, разгледавте што ќе зборувате, облеката и надворешниот изглед се беспрекорни. Има уште една работа која не смеете да ја одминете за време на интервју за работа, пишува магазинот Форбс. Тоа е говорот на телото...

Видете ги 10-те грешки кои луѓето ги прават ненамерно.

Лоша поза
Не се потпирајте премногу назад во удобниот стол кој ќе ви го понудат за седење. Не сте таму на слатки приказни, туку на интервју за работа. Наведнувањето напред пак е премногу агресивно. Немојте да стоите и како ученик, кој е повикан кај директорот. Обидете се да завземете неутрална, деловна позиција.

Не прекинувајте го контактот со очи
Кога ве интервјуираат гледајте во очите, не вртете го погледот, или барем не веднаш. Ова особено важи додека се претставувате и стискате раце.

Посочување
Не посочувајте со прст и воздржувајте се од нагли гестови за време на интервјуто.

Вкрстени раце
Врстените раце се израз на заштитнички став. Така покажувате дека не сте отворени кон соговорникот.

Премногу кимање
Кимнете еднаш-два пати и потоа престанете. Жените имаат навика да кимат повеќе од мажите.

Нервозно однесување
Внимавајте да не правите нервозни движења - да го вртите часовникот или прстенот, да допирате постојано нешто од својата облека. Луѓето не сфаќаат колку се "снимаат" за време на интервјуто. Овие работи многу се забележуваат.

Раце зад грбот
Некои интервјуа (зависи од работата) се изведуваат додека стоите. Не држете ги рацете зад грбот или во џебовите.

Гримаси
Ве прашуваат што најмногу ви се допаѓа во работата? Добро е да покажете страст, но воздржете се од претерана емоционалност. Не реагирајте и во друга крајност - насмевнете се, не стојте како ученик на испит цело време.

Шарање со очи
Ако очите ви шетаат наоколу или гледате некаде настрана или нагоре додека зборувате, тоа покажува неискреноста или ако не друго изгледа навистина чудно.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...