Friday, 11 September 2009 17:34 Занимливости
Списанието Fortune ги претстави нај влијателните жени во светскиот бизнис за оваа година.

По четврти пат првото место го завзема извршниот директор на PepsiCo Indra Nooyi.
Еве како изгледа ТОП 10 листата:

1.Indra Nooyi


Претседател и CEO на PepsiCo

Позиција за 2008: 1

Возраст: 53 г.

Г-ѓа Nooyi е на првото место во листата за четврти пат. Во 2008 год. таа оствари печалба од 43 милијарди долари приходи. Во август таа направи зделка за откуп на двете најголеми компании, производители на амбалажа за Pepsi, кои можат да и заштедат околу 300 милиони расходи годишно.

2.Irene Rosenfeld


Претседател и CEO на Kraft Foods

Позиција за 2008: 2

Возраст: 56г.

Rosenfeld се заложи за рекламна кампања за да ја зголеми продажбата. Приходите за 2008 год. ги зголеми за 15%. Во слободно време таа сака да вози ролери.

3.Pat Woertz


Претседател и CEO на Archer Daniels Midland

Позиција за 2008: 3

Возраст: 56г.

Акциите поскапија за 15% во последните 12 месеци. Пред да се соедини со АDM, Woertz триесетина години работи во петролна индустрија. Освен тоа таа е и член на бордот на директори на Procter & Gamble.


4.Angela Braly

Претседател и CEO на Wellpoint

Позиција за 2008: 5

Возраст: 49г.

Првата работа на девојчето од Тексас е келнерка. Денес таа раководи осигурителен бизнис за 61милијарди долари и 34 милиони осигурени лица - никој конкурент нема таков број на клиенти. Акциите на Wellpoint поскапија за 71% во месец март.

5. Andrea Jung


Претседател и CEO на Avon Products

Позиција за 2008: 6

Возраст: 51г.


Таа дава можност на милиони жени во светот да работат за себе. Дистрибутерите на AVON само во САД се 200.000. Jung се наоѓа и во бордот на директори на GE и Apple.

6. Oprah Winfrey


Претседател и CEO на Harpo

Позиција за 2008: 8

Возраст: 55г.


Таа сеуште го има магичниот допир. Во моментот Oprah се подготвува да го пушти нејзиниот кабелски канал, кои ќе го гледаат околу 70 милиони гледачи. Инаку рејтингот на нејзиното шоу опаѓа со 31% од 2004 наваму.

7. Ellen Kullman

CEO на Harpo

Позиција за 2008: 15

Возраст: 53г.


Kullman започнува да работи како канцеларијски помошник во DuDpoint. Денес 21 година подоцна таа седи во фотелјата на CEO. Во моментот таа е во процес на реконструирање на раководството, се стреми да ги скрати расходите за 1 милијарда оваа година.

8. Carol Bartz

CEO на Yahoo

Позиција за 2008: не е присутна

Возраст: 61г.

Таа е на позиција 6 месеци. Пред тоа беше шеф на Autodesk.

9. Ursula Burns

CEO на Xerox

Позиција за 2008: 10

Возраст: 51г.


Burns во јули стана првата црна жена CEO во класификацијата на Fortune 500. Таа стои исправено пред тешката задача да ја заживее компанијата, која беше на работ на банкрот во 2001 год..Во исто време цените на акциите одат назад.

10. Brenda Barnes

Претседател и CEO на Sara Lee

Позиција за 2008: 9

Возраст: 55г.

Во 2005 година таа ја превзема одговорноста и го подигна бизнисот. Акциите на компанијата растат и акционерите се задоволни.
Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...