ВИЦ
Плакар ТОП ВИДЕО |
Thursday, 10 September 2009 14:47
Занимливости
Дали навистина левата рака е знак за хомосексуалната ориентација на некои луѓе...?
Истражувачите од Универзитетот во Торонто Kenneth Zucker, Martin L. Lalumiere и Ray Blanchard дојдоа до заклучок дека постои поврзаност помеѓу сексуалната ориентација со која рака пушувате. Всушност, хомосексуалците за разлика од хетеросексуалците често пишуваат со левата рака. Ги анализирале собраните податоци од 20 студии објавени во текот на 50 години. Кај лезбејките веројатноста да пишат со лева рака е дури 91% поголема отколку кај хетеросексуално ориентираните жени. Кај хомосексуално ориентираните мажи таа веројатност е околу 34%.
На левучарите им се препишува и друга особина... Истражувачите веруваат дека нивните сознанија ги потврдуваат предвидувањата дека сексуалната ориентација ги има своите корени во раниот развој, исто како и пишување со лева рака. Инаку на левата рака се препишуваат цела низа различни карактеристики. Меѓу другото, тука е и поголемата можност за спонтан абортус, помала телесна тежина при раѓање, аутизам, шизофренија... Ова истражување нуди емпириски докази за постоење на врски, но не објаснува како тоа произлегува. Меѓутоа, нуди можност за заедничките фактори кои влијаат на сексуалната ориентација на мажите и жените. Всушност, повеќето истражувања тврдат дека на сексуалната ориентација на жените и мажите влијаат други фактори.
Причините не се познати, зошто левучарите се геј ориентирени... Истражувањето беше интересно, но и покрај се, стои фактот дека повеќето левучари не се ориентирени кон исти пол. Така, главните корени кои требаат да не доведат до суштинските причини за хомосексуалната ориентација не се левучарите, сигурно постои и некоја друга причина за тоа. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|























