Friday, 14 September 2012 10:10 Занимливости

Колку различни факти кои ги слушате целиот живот и за кои би ставиле "рака во оган", воопшто не се точни? Можеби некои од овие информации ќе ви ги разјаснат досегашните заблуди, кои се популарни меѓу широката јавност...

Во сонот голтаме во просек 8 пајаци годишно
Ова дефинитивно не е вистина и среќа што не е така. Приказната за голтање на пајаци во 90-тите ја измислиле новинари за да докажат дека преку е-маил многу лесно можат да се прошират дезинформации.

Доматите спаѓаат во овошје
Иако можеби ќе помислите дека ова веќе и врапчињата на гранка го знаат, сеуште постои голем број од оние кои се изненадуваат кога ќе слушнат дека вкусното и здраво растение е всушност овошје. И покрај фактот, ние сакаме да го јадеме во солени варијанти.

Кога се во опасност, ноевите ја ставаат главата под земја
Со оглед на тоа дека во прашање е најбрзото животно на две нозе на светот, нојот во опасност нема да ја забие главата под земја. Едноставно ќе побегне.

На гумата за џвакање и требаат 7 години да се разгради во нашето тело
Ова заблуда настанала од фактот дека на гумите за џвакање за разградување им треба повеќе време од "нормалната" храна. Тие ќе го напуштат нашиот состав по случајното голтање без никакви проблеми и последици.

Урината врз изгореница од медуза ќе ја намали болката
Да, Чендлер, Џои и Моника сосема непотребно поминаа низ едно непријатно искуство, со оглед на тоа дека овој податок не е воопшто точен. Не правете го тоа, освен ако не сакате вашето повредено место да ве боли уште повеќе.

Лилјаците се слепи
Ова заблуда е произлезена од честата употреба во метафора, а ови животни всушност имаа добар вид. Сепак прилично се чувствителни на светлина па претераната изложеност на моменет може да ги "заслепи."

Луѓето настанале од мајмуни
Ова честа заблуда настанала во склоп на црковната пропаганда да се дискредитира Дарвин и неговата еволуционистичка теорија. Но, всушност тој тоа никогаш не го изјавил, како што нема да го изјави ниту еден биолог.

Марија Антонета рекла "Нека јадат колачи"
Иако оваа изрека често и се препишува на француската кралица за да се демонстрира нејзината грубост и безчувствителност кон гладните, не постои никаков доказ дека таа го кажала тоа.

Наполеон бил џуџе
Францускиот диктатор не бил баш ни висок, но сигурно не бил џуџе како што често го сметаат, особено ако се земе во предвид времето во кое живеел. Според официјалните податоци бил висок 169 цм.

Кинескиот ѕид е видлив од Месечината
Не е. Како и било што друго кое е направено од човекот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...