Wednesday, 12 September 2012 13:20 Занимливости

Некои луѓе го обиколуваат светот, за да видат одредени туристички објекти, а други освен да ги видат, сакаат да ги слушнат звуците околу нив за да ја почувствуваат моќта на природата. Ова се 9 незаборавни звуци кои треба да чуе секој патник...

Звукот од масовна молитва
Ако ја одберете Турција како туристичка дестинација, не пропуштајте да ги слушнете молитвите на жителите. Замислете да престојувате во хотел во Истанбул со поглед на Босфор и го слушате звукот од молитвите на луѓето на разденување. Ако сте обожаватели на источната филозофија, посетете некој од будистичките храмови во Југоисточна Азија, каде стотици верници во исти алишта ги упатуваат своите молитви.

Звукот од виeње на волк
Ако го слушнете смразнувачкото завивање на волк веднаш ќе сфатите дека повеќе не сте во урбаната џунгла со реклами, туку во дивата средина. Една од сликите, кои можат да ве натераат да си плукнете на петите е онаа на волк​​, кој стои на висока карпа и вие свртен кон месечината. Ова е еден од звуците кои ќе ги запомните, иако е препорачливо да го слушате оддалеку или од внатрешноста на шумски куќа или автомобил.

Приближување стадо на копитари
Екот, ритам и моќ се носат во воздухот, земјата трепери, а прашината се крева како потполна магла...

Звукот од пукање на леден блок
Многу од нас го слушнале пукањето и крцкањето на коцките мраз во чаша со пијалок, но малкумина се сведоци на раскршување на делови од огромен глечер. Екот кој се слуша над длабоките води сличен на експлозија е еден од најпознатите неверојатни звуци кој никогаш не може да биде заборавен. Можете да се впуштите во патување до Арктикот или Антарктикот за да ја следите бескрајната водна ширина, опсипани со коцки мраз и леден брег, до онаму до каде што ви оди погледот.

Звукот од лилјаци кои мигрираат
Овие ноќни суштества се нешто како загатка која е спакувана од шарм и мистерија. Овие суштества ќе ве исплашат или израдуваат. Слични се на влакнестите стаорци со кожени крилја. За да ги видите и слушнете треба да станете рано пред да раздени.

Звукот на активен вулкан
Скоро и да нема човек кој не се импресионира од силниот ек и гром на вулканите кои ја откриваат моќта на природата. Има многу активни вулкани во светот, каде што може да станете сведоци на овие неверојатни феномени. Во некои делови на светот имаат можност да застанете на работ на вулканскиот кратер и да погледнете надолу во неговата врела внатрешност или да се прошетате над жешката лава со хеликоптер.

Звукот од цикади
Ништо не создава такво летно расположение, како мелодичните звуци на цикадите кои личат на звукот на безмоторен авион. Кога цикадите почнат да зујат рано, значи денот ќе биде топол. Брмчењето може да стане неверојатно силно, понекогаш до 120 децибела кога мажјаците "зборуваат" со своите женки и им се додовруваат.

Звукот на мајмуни
Интензитетот на звукот со кој викаат, особено ако тој е машки, може да биде возбудливо искуство. Имајте предвид дека можете да станете сведок на некои навистина страшни звуци. Ревот на машкиот павиан, неговите команди, закани и предупредувања се неверојатен звук кој не може да се опише. Не пропуштајте да ги слушнете звуците на овие примати, на пример со патување до Африка или Арабија.

Звукот од бурен водопад
Ако застанете до бурен водопад ќе слушнете неверојатни звуци на водта која паѓа во длабочина. Водопадите се магија за сите сетила, бидејќи милионите водни капки формираат полупроѕирна магла, рефракција на сончевата светлина и ја ладат кожата. Бучавата од најголемите водопади во светот е оглушителен грохот, на кој можете да уживате во речиси секоја точка на планетата, освен во пустината и повеќето северните делови на копно, каде што водата е скоро целосно замрзната.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...