Thursday, 30 August 2012 12:18 Занимливости

Правилно избраната долна облека може да ви ја крене самодовербата. Но, да изберете не е воопшто лесно, особено ако не знаете што најдобро ви одговара на фигурата...

Дознајте како да се чувствувате и да изгледате убаво со долната облека што ја носите.

Да ги истакнете убавите делови од телото, за да се чувствувате убаво и горда со него најчесто се постигнува со долна облека. Особено важно е кога ќе одлучите да облечете фустан кој ја истакнува вашата фигура, за некој специјален повод.

Да се ​​избере вистинската големина пред да ја купите е една прекрасна идеја, која пак малку жени ја паметат, пред да излезат на пазар. Секогаш треба да ја знаете големината, тоа е од големо значење. Ви ги претставуваме типовите на женска фигура, кои ние ги избравме за да ви помогнеме, кога ќе купувате долна облека.

Жената песочен часовник

Обично овој тип на жени имаат најхармонична фигура и поради оваа причина и многу можности за избор на долна облека. Корсетот би бил совршен за овие жени. Се останато исто така е дозволено, па затоа радувајте се на тоа што го имате!

Жената со форма на јаболко

Тоа се жени со долги нозе, но со проблеми во стомакот. Затоа избирајте долна облека, што е поширока во стомакот, но која ќе ги истакне градите. Изберете и облека, кои потенцираат нозете и деколтето.

Жената со фигура на девојче

Овие жени обично се слаби и прави. Бидејќи не треба да се срамат од стомакот, подобро е да изберат долна облека која го покажува. Боксери се исто така добра идеја, затоа што го нагласуваат атлетскиот задник.

Жените со големи гради може да го нагласат тоа со корсет и никогаш не треба да ги забораваат градниците со дебели прерамки или оние преку вратот кои ги поддржуваат градите.

Ако имате мали гради - свртете се кон секси гаќички, чорапи и се друго што може да се стави на долниот дел на телото.

Високите жени може да имаат корист од секси жартиери, а ниските од свилена долна облека. И што е најважно-внимавајте со пропорциите и пред се треба да си се допаднете на самите себе.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...