Saturday, 25 August 2012 07:59 Занимливости

Подготовките за летните месеци полека привршуваат, па затоа сега полека но сигурно почнавме да размислуваме за есента...

Почнавме да бараме идеи и инспирација за ентериер, кои ќе не разведрат во темните месеци кои не очекуваат. Наидовме на дом во Финска, декориран од италијанскиот архитект Маурицио Џованони.

Првичниот план на станот, кој опфаќа површина од околу 65 квадратни метри, претрпел значителни промени, како што е отстранување на неколку ѕидови. Ова и овозможува на природната светлина лесно да минува низ целиот простор на домот. Според авторот, главната цел на овој проект е светлосниот флукс да учествува во создавањето на релаксирачка средина. Откако внел доволно светлина за сопствениците на станот, архитектот се свртел кон ентериер во боја, мешавина од неколку култури.

Дрвото, составен дел од финската култура, е основен елемент во осветлената и динамична внатрешност. Бунтот на боите, случувањата на белите ѕидови на станот, потсетува на сончевиот италијански темперамент и се обидува да ги отфрли негативните мисли и лошото расположение, што секако би ги зафатило станарите на ова живеалиште со првиот тмурен ден не есента.

Ако сеуште не сте подготвени да ги турнете ѕидовите дома или пак сметате дека станот е доволно светол, можете да го разбранувате ентериерот со неколку елементи во боја - обоени столчиња, маса или пак некои интересни слики.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...