ВИЦ
Си стоеле така двајца полицајци на улица и едниов му вика на другиов: ТОП ВИДЕО |
Monday, 20 August 2012 13:38
Занимливости
Хорас Џексон Браун е американски автор на зборници со кратки цитати за животот и неговите правила. Пред да се зафати со пишување на афоризми работел долго време како менаџер во рекламна агенција, каде ја добил навиката да ја пренесува суштината на работите во многу кратки и експресивни фрази...
Првата книга Life's Little Instruction Book излегува во 1991 година ("Правилата на животот", Кибеа, 1994 година) и за помалку од десетина години таа и следните негови зборници се преведени на повеќе од 30 јазици. Дали ќе изберете да ги прочитате мудрите зборови испишани подолу, или не - тоа е вашиот личен избор. Ако на крајот на денот се чувствувате како претепано куче, веројатно цел ден сте ржеле. Ако одите по патот ќе научите повеќе за него отколку ако правите извештаи со најдобрите туристички мапи во светот. Ако на оградата видите желка, сетете се дека некој и помогнал да се качи таму. Ако некој ви ја запамти облеката, а не вашата насмевка, значи не сте биле доволно љубезни. Ако познавате некого кој сака да си ја удави маката, добро е да му кажете дека таа знае да плива. Ако го правите најдобро она за што сте способни, нема да имате време да мислите дека може да не успеете. Ако сте се упатиле во правилна насока, секој чекор, колку и да е мал, ве приближува кон целта. Ако стоите со скрстени раце и го чекате вистинскиот момент може никогаш ништо да не почнете. Започнете сега! Таму каде што сте и со какви можности и да располагате! Големата личност ја покажува својата големина со начинот на кој се однесува со обичниот човек. Секој ден по нас фрлаат камења. Важно е што градиме со нив. Мостови или ѕидови! Да си полн со горчина, значи да ги трошиш скапоцените моменти од животот, кои и она се ретки! |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















