Monday, 20 August 2012 08:51 Занимливости

Средношколксиот период за многумина е време кое сакаат што побргу да го поминат. Напорен распоред, многу задачи и малку слободно време се доволни причини поради кои многу од нас не го сакаа средното училиште. Сепак, овде се и оние слатки ситници кои никогаш не се толку занимливи кога ќе пораснеме. Ви недостасуваат ли и вам некои од овие работи?...

Пораки на хартија
Пораките со срценца и изјави на љубов беа причина за многу насмевки, и по некоја солза. Малата хартија со слатка порака знаевме со денови да ја носиме во џеб, а оној страв кога пред професорката се обидувавме да пратиме порака на симпатијата беше толку добар што неможевме да се заситиме.

Бескрајно разговарање и допишување
Возрасните луѓе немаат многу време за разговор преку телефон, а уште помалку за допушување. Средношколците пак го имаат целото време на светот. Дури и ако тоа значи дека задачата ќе ја пишуваат наредниот ден на големиот одмор, повеќето девојки нема да останат рамнодушни на повеќе часовното допишување до доцна навечер.

Слатки дофрлувања
Во градинка момчето на кое му се допаѓаме ќе не повлече за коса, во основно исто така, а во средно на ред доаѓа дофрлување и вербална војна која би ни дала до знаење дека некое момче го свртува вниманието кон нас. Негодувањата на големиот одмор на некој случаен минувач може да му звучат чудно, а иако глумевме дека не ни се допаѓа начинот на кој некое момче разговора со нас, тој одмор беше врв на нашиот ден.

Одбележување на клупа
Повеќето д нас не може да си дозволат бегање од работното место само за да се најдат со момчето кои ни се допаѓа, а бакнување на клупите среде ден никако не доаѓа во предвид. Средношколките од друга страна, имаат целосно право на тоа, а чувството дека прават нешто забрането ја прави целата работа уште попривлечна.

Идеализирање
Со годините доаѓаме до некои заклучоци кои во срендото не знаевме да ги извлечеме. Љубовите не се вечни, оној згоднито, висок фраер веројатно е женкар, љубовта е доста комплицирана појава...Средното училиште е време кога ваквите заклучоци сеуште ги нема на видик. Вашиот прв дечко е љубовта на вашиот живот, високиот, згоден тип ве гледа само вас, а најголема компликација е прашањето колку долго да чекате пред првиот секс.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...