Monday, 30 July 2012 13:16 Занимливости

Ако сте имале среќа да ја посетите прекрасната Шпанија, сте имале и прилика да го вкусите нивниот традиционален пијалок - сангрија. Овошен и освежителен, овој пијалок е идеален за летните вечери кога ви доаѓаат гости. Постојат многу рецепти, но класичната сангрија се прави од вино, насецкано овошје, малку засладувач и бренди...

Агрумите се традиционално овошје во овој пијалок, но може да ставите и јаболки, брескви, лубеница, грозје и бобинки. Јаболките се добра идеа затоа што даваат крцкавост, но сепак се зависи од личниот вкус. Минералната вода исто така спаѓа во рецептот, но доколку сакате може да експериментирате со бистри газирани сокови по сопствен вкус. Традиционалната сангрија е пијалок во кој се става црно вино, но исто така може да ја направите и со омиленото бело вино.

Потребно ви е 1 лимон или лимонтус (најдобро е по половина и од двете), 1 портокал, 1 јаболко, 2 супени лажици шеќер, 2 супени лажици сок од портокал, литар од некое овошно црно вино, половина филџан бренди, една четвртина филџан ликер од портокал, филџан ладна минерална вода и коцки мраз. Сето тоа помешајте го. Коцките мраз додадете ги пред послужување. Доколку сакате послаба сангрија, ставете помалку вино а повеќе минерална вода или обратно доколку сакате појако.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...