Thursday, 26 July 2012 12:12 Занимливости

Сите љубители на сладоледот да си ги отвораат касичките со заштеди и да имаат корист од сезоната на одморите во која можат да остварат еден свој сладок сон. Во светот има места каде се нудат едни од највкусните и сладоледи кои треба да бидат пробани. Зошто се необични и единствени од ваков вид, дознајте од следните редови...

Capogiro Gelato (Филаделфија, Пенсилванија)
Сладолед таму е подготвен од млеко од кравите "амиш". Секој ден мајсторите рачно ги прават уникатните рецепти на Capogiro Gelato, вклучувајќи мириси, кои не се користат никаде на друго место во светот. Такви се "melograno" (калинка), "Nocciola Piemonte" (лешник), сајгонски цимет, тајландско кокосово млеко (со вкус на рум) и "zucca" (сорта тиквички).

Ted Drewes Frozen Custard (Сент Луис, Мисури)
Замрзнатиот крем од јајца е изработен од свежа павлака, јајца и шеќер. По вкусот и своите квалитети тој речиси не се разликува од сладоледот, дури изгледа на ист начин. Овој десерт се продава на еден од најголемите булевари во Сент Луис од почетокот на 1931 година. Денес, по повеќе од 80 години, на истото ова место може да се пробате замрзнат јајца крем во вафли корнетчиња, различни шејкови, пиво од корени, и разни специјалитети, како "хавајско уживање" и "кратерот Коперник."

Bombay Ice Creamery (Сан Франциско, Калифорнија)
На ова место можете да пробате некои од најдобрите индиски сладоледи на планетата. Уникатното кај овие сладоледи е дека за подготвување се користат зачини како кардамом, црн и зелен чај, шафран, роза, ѓумбир и други, кои ретко се среќаваат на територијата на Калифорнија. Работно време се менува со годишните времиња, така што задолжително проверете дали е отворено пред да одите.

Devon House (Кингстон, Јамајка)
Изграден кон крајот на 19 век, како дом на првиот црн милионер во Јамајка, Девон Хаус е ремек-дело на карипската викторианска архитектура и дом на најпознатата тезга за сладолед на островот. Асортиманот на вкусови е многу широк - од традиционалната цреша и шам-фастк до егзотични вкусови од островот - манго, кокос и маракуја. Таму е едно од ретките места каде што ќе се судрите со нестандардниот пивски сладолед во менито, наречен Девон Стаут. На територијата на тоа место има пространи градини, каде што можете да се прошетате и да се радувате на единствената вегетација.

Ice Cream City (Токио, Јапонија)
Со десетици штандови кои продаваат повеќе од 300 вкусови меѓу нив, т.н. установа во Токио "Ice Cream City" нуди некои од најпознатите невообичаените сладоледи на планетата, во кои се користат чудни состојки како соја пилешко, корен од орхидеја, па дури и морска сол. Ако пак, ги претпочитате традиционалните вкусови, италијанскиот "Gelato" и американскиот "Sundaes" исто така се на располагање.

A'jia Hotel (Истанбул, Турција)
Нема ништо поромантично од летна вечер крај Босфор, особено кога јадете сладолед на отворена тераса на хотел A'jia. Менито вклучува пржен ванила сладолед, шербет од маракуја и традиционална турска "dondurma" (сладолед), направена од козјо млеко. На западниот брег на Босфор, се наоѓа A'jia, имот од 19-ти век, која ги плени посетителите со својата архитектура, атмосфера и се разбира одличниот сладолед.

Perchè No! (Фиренца, Италија)
Од 1939 година Perchè No! (Зошто не!) Произведува и продава сладоледи кои се со многу силен вкус и арома. Изборот е огромен, но како најинтересни сладоледи со оние со мед и сусам, зелен чај или со арома на кафе, гарнирани со парче чоколадо. Тие исто така продаваат широк асортиман на плодови со шербет.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...