Saturday, 21 July 2012 08:48 Занимливости

Древната кинеска наука фенг шуи проповеда да живееме во хармонија со околната, за да бидеме среќни во животот. Еве кои се нејзините препораки за финансиската благосостојба...

Точка на богатството
Според фенг шуи секоја просторија може да се подели на осум точки, секоја од нив одговара на една од важните животни сфери. Секторот одговорен за богатството, се наоѓа секогаш лево спроти влезната врата. За да гарантираме благосостојба, во оваа точка треба да поставиме фигури на жаби, златни рипки или ластовички. Или пак 10 или 8 монети.

Златни рипки
Аквариум со златни рипки, исто така, би можел да заврши работа. Тој мора да биде поставен во југоисточниот агол на домот. Најдобра цифра за неговите жители е 9. Бројот ја симболизира хармонијата меѓу небото и земјата и ќе ви донесе финансиски успех. Ако одлучите да ставите повеќе од 9 рипки, нивната бројка треба да се дели на бројот 9.

Шпорет
Шпоретот, исто така игра голема улога за семејниот буџет и тоа не само од гледна точка на храната. Правилата во фенг шуи гласат дека шпоретот секогаш треба да биде чист и исправен. Во спротивно привлекува негативна енергија, која може да ја запре благосостојбата во домот. За да си обезбедите готовински текови од сите страни, пак, треба да ги користите рамномерно сите рингли.

Друг сигурен знак за губење на пари е истекување во бањата. Античката наука смета дека тоа може да влијае не само на сметките за вода, но и воопшто на буџетот.

Кинески монети
Симбол на благосостојба и богатството се и кинеските монети, врзани со панделка. Тие треба да бидат три, а бојата на панделка да е црвена. Според фенг шуи, тие можат да се користат за привлекување и стимулирање на среќа во бизнисот.

Во канцеларија
Важно за канцеларијата е оној кој ја управува, да биде во командна позиција кон другите вработени. Значи неговото биро треба да биде колку е можно подалеку од влезната врата. А освен тоа е убаво да биде и со поголем или различен стол.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...