Thursday, 19 July 2012 09:13 Занимливости

Говорот на телото е доста важен кога е во прашање првиот впечаток. Секогаш е корисно да знаете кои движења на телото прикажуваат позитивен контекст, особено кога се работи за деловни состаноци и договори. Ви претставуваме неколку совети кои ќе ви помогнат да се прикажете во најдобро можно светло...

Говорете со длабок тон
Кога сме нервозни или возбудени, често несвесно зборуваме со повисок тон отколку вообичаено. Се смета дека со користење на длабокиот тон на гласот оставаме впечаток на личност со самодоверба и самопочит. Иако можеби ова не е најважно за деловен состанок, занимлив е податокот дека дури и кучињата подобро реагираат на наредбите доколку ги изговориме со подлабок глас.

Одржување на контакт со очите
Лицето со кое зборуваш потруди се да го гледаш во очи затоа што со тоа искажуваш заинтересираност и доза на здрава самопочит. Внимавај контактот со очите да не се претвори во обично зјапање затоа што лицето со кое разговараш ќе го ставиш во многу непријатна ситуација.

Биди свртен кон лицето со кое што зборуваш
Своето торзо би требало лесно да го свртиш кон лицето со кои го водиш разговорот за да искажеш заинтересираност. Но, ако сакаш да покажеш дека си опуштена, пробај лесно да се потпреш назад. Секако внимавај на растојанието меѓу вас затоа што не сакаш да оставиш погрешен впечаток и да ја натераш личноста да помисли дека не знаеш за поимот "личен простор" или да оставиш впечаток на крајно незаинтересирана особа која премногу се опушта.

Имитација на движењата
Луѓето често ги имитираат движењата на оние со кои се согласуваат. Затоа слободно насмевни се ако тоа го направи твојот соговорник, а истото важи и за гестикулацијата.

Рацете и нозете нека бидат опуштени
Внимавај нозете да мируваат и да не бидат прекрстени, а истото важи и за рацете затоа што во спротивно ќе дадеш до знаење дека си нервозна и дека моментално се наоѓаш на место на кое не сакаш да бидеш.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...