Wednesday, 11 July 2012 10:37 Занимливости

Сега во екот на летото, некои од нас се уште немаат планови како да ги поминат жешките месеци, други пак, имаат ограничени средства. Затоа решивме денес да ви понудиме неколку опции, кои ќе ви го направат одморот забавен и пријатен...

1. Одете на состанокот со класот. Секогаш е пријатно и интересно да се видите со поранешните соученици или колеги од факултет со кои не сте се виделе со години. Оваа средба може уште повеќе да го зајакне вашето пријателство или да ви помогне да ги продолжите одамна заборавените контакти. Поранешните соученици ќе ви дадат идеи за убаво минување на времето, па дури и ќе ве поканат на нивни забави.

2. Посетете интересни јавни настани. Кога постојано сте зафатени со работа  не обрнувате внимание какви настани се организираат во вашиот град, нели? На голем број места ќе најдете распоред со различни изложби, концерти, театарски претстави и други настани на кои можете да присуствувате. Изберете го тоа што е интересно за вас и право напред! Ќе доживеете куп позитивни емоции и ќе дознаете нешто ново. При тоа цената (ако воопшто има) на билетите не е толку висока што не можете да си ја дозволите.

3. Купете си го омилениот десерт! Одамна не сте оделе во вашата омилена продавница? Задолжително одете и си нарачајте го она што најмногу го сакате. Предлогот дефинитивно не е бесплатен, но сигурно влегува во графата на ефтини задоволства. Ако сте загрижени дека сами нема да бидете во добро расположение, поканете близок пријател или земете пријатна книга за читање. Доброто расположение ќе дојде само по себе!

4. Одете на пикник со пријателите. Одморот во природа е прекрасна алтернатива на досадното секојдневие, а времето поминато во шумите и ливадите ќе биде не само пријатно, но и корисно! Изберете живописно место, уште подобро ќе биде ако во близина има вода - само за одмарање на очите или пак за пливање. Активно учествуваат во разгорување на огнот / скара и готвење - тоа само ќе ве натера да се чувствувате радосни.

5. Направете си пижами забава. Поканете ги најдобрите пријателки да спијат кај вас, подгответе убави филмови за гледање и бидете спремни за многу шеги и смеа. Во таква вечер голема е веројатноста дека ќе ги видите старите фотографии и ќе си нарачате пица, како и тоа дека ќе ги озборувате поранешните момчиња.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...