ВИЦ
Сестра во брза помош: ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 10 July 2012 17:42
Занимливости
Родителството би требало да биде едно од најубавите искуства во животот, меѓутоа, жените кои во потполност им се посветуваат на децата, притоа заборавајќи на своите потреби, прават голема грешка, а ризикуваат да заболат од депресија, тврди една студија...
Американските истражувачи испитувале 181 жена кои имале деца помлади од пет години и откриле дека „интензивното мајчинство“ наштетило на нивното ментално здравје. Истражувачите тој се поприсутен тренд, во кој мајките се вклучени во секое искуство на своите деца, го нарекле „хеликоптер родителство“, а психолозите тврдат дека тоа не им штети само на мајките, туку и на децата кои стануваат кревки и неспособни да се носат со животните искуства. Жените кои максимално им се посветени на своите деца веруваат дека се подобри родители од мажите и дека мајчинството се врти околу потребите на децата. Истражувачите од Универзитетот „Мери Вашингтон“ во Вирџинија тврдат дека опсесијата, оти морате да бидете совршен родител, е вообичаена кај луѓето од средниот сталеж и дека жените ги прави несреќни. Во истражувањето учествувале жени од 18 до 49 години кои морале да одговорат на низа прашања со цел се идентификува нивниот стил на родителство. Жените кои мислеле дека мајката е поважен родител и кои не прифаќале помош од други при воспитувањето, биле незадоволни со својот живот, додека оние кои родителството го гледале како предизвик за кој е потребно посебно знаење и способности биле депресивни и под стрес. “Можеби тие мислат дека ако се жртвуваат ќе бидат подобри мајки, но во реалноста тоа има само спротивен ефект и по нив и по децата”, изјави авторката на студијата, Кeтрин Рицо. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















