Сте се запрашале ли некогаш дали вашата непрежалена љубов ги остварила соништата? - Facebook ќе ви каже...
Ако некогаш сте се запрашале каде исчезна симпатичното девојче од 8-б, како изгледа животот на човекот со кого ја делевте клупата во училиште или дали вашата непрежалена љубов ги остварила своите соништа, утешете се, никаде не заминале туку завршиле на Facebook, каде играат покер, имаат виртуелна фарма и разменуваат слики од своите пудлици, бебиња и родендени. Кога некогаш ќе ве фати носталгијата за некој нереализиран однос, сетете се дека на вашиот пријател секогаш можете да му го испратите решението од квизот Кој Покемон си. Еве како Facebook не уназадува...

1. Се мора да се знае
Конечно го дочекавте обликот на комуникација каде ништо важно нема да се изгуби. Така пријателите на Facebook го освежуваат вашиот профил на секои 10 секунди за да дознаат дали спиете, грицкате чипс, гледате филм или цитирате некој бисер од голем мудерц. Во мрачниот 20-ти век, своите сендвичи и карамели бевте присилени да ги задржите за себе, денес конечно, сите клучни моменти од вашиот живот и досада зрачат со вашиот статус на профилот, правејќи го животот на вашите пријатели неспоредливо побогат.
2. Растенија, кучиња, деца, море
Добро, не влезе во реалното шоу и сега ги малтретираш луѓето со своите 17 албуми полни со фотографии без агол, зум, експозиции ниту палети на боја по кои не си фотографирана. Братучетката од вашата полу-тетка славела крштевка на правнукот на своите соседи, а тоа ни малку не е интересно. Па зошто да не го направиш и својот 18-ти албум за да се порадуваат твоите пријатели. Прво го сликаш своето куче, па правиш фотки на море, па потоа ја овековечуваш ноќта кога се опијани и моментот кога беше на концертот на ирците U2. Со Facebook сите заборавија да ја ценат својата приватност, а тоа го направија и оние кои беа принудени да гледаат.
3. Кој лик од документаниот филм за размножувањето на бубамарите во 19-от век си ти?
Facebook е преполн со квизови кои им ја откриваат на твоите пријатели, невидливата нишка, па за кратко време е познато дека сте чудовишни амалгам на Briggite Bardot, Angelina Jolie, Emily Bronte, судено ви е да излегувате со Nicholas Cage. Кој ли ќе го одигра квизот Кое влакно од John Travolta си ти во Брилијантин.
4. Продај ги пријателите и направи фарма
Од сите залудни и надарено идиотски апликации на Facebook, онаа со продавањето на пријателите е најуверлива. Купувате и продавате пријатели за големи пари, бидете Господар на нивните бедни судбини на Facebook, живејте на врвот, луди и семоќни, а потоа исклучете го компјутерот пре да ви ја исклучат струјата поради пречекорување на долниот праг на интелегенција. Доколку пак не ви се допаѓа тоа, секогаш можете да се извалкате во фармата на Facebook, каде со другите натпреварувачи ќе се натпреварувате во произвоство на тикви и грашок.
5. Луѓе кои несвесно ги познаваш
Можеби има некој на Facebook кој сеуште не го познаваш, но некој му светнало да ја направи софтверската сугестија: Луѓе кои можеби ги познаваш, а сето тоа за да те наговори да испратиш уште една покана за пријателство.
6. Не ме „боцнал“ веќе 3 дена
Постојат ситуации во животот кога капка ќе ја прелие чашата и нема повеќе аргументи, изговори, објаснувања или двоструко римуван љубовен дванаесетерец кој може да го ребалансира нарушениот однос. Чекаме само уште цивилното и црквеното судство да прогласи повеќедневен изостанок на „боцкање“ како доволна причина за развод.
7. Групички, групи, групишта
На Facebook недостасува уште група на сите оние кои не се членови на ниту една група, па да се заокружи „смислата“ на сите тие колективни небулози. Нема повеќе идеи, пароли, вести, екстремитети, парчиња облека, фетиши или политички програми кои немаат баре десетина поборници.
8. Петиции
„Еј луѓе цел клас има профил на Facebook, само еден не. Се обложивме со другар ми и ако собереме 500 луѓе, и тој ќе направи профил на Facebook. Досега поддршка им дале само 300 луѓе и ужасно сме нетрпеливи да го видиме целиот клас на Facebook.
9. Проблемот е во то што нема проблеми
Со други зборови, тоа што тетка Роза пред да отиде на пазар и да ги продаде своите 4 килограми целер и саот со кисело млеко, го проверила својот профил и ја посвоила тажната виртуелна крава и ја прифатил поканата за пријателство на дедо Јоже.