Friday, 15 June 2012 11:40 Занимливости

Сите сакаме да се караме, односно да го убедиме противникот дека ние знаеме подобро отколку тој! Без разлика дали станува збор за кавга со момчето или колешката од работа, кавгата ќе ја добиеш ако се приджуваш кон овие работи...

Полека и смирено
Во текот на кавгата пробај да го контролираш тонот на својот глас. Би требало да останеш смирена во текто на целата препрека, а ако го повишиш тонот тоа може да го направи и твојот противник. Кавгата ќе ја добиеш со помош на разумни аргументи а не со кинење на гласните жици.

Придобивање на противникот на своја страна
Противникот ќе го придобиеш со изговарање на нешто со што тој се согласува. Психолошки маневрирај со позитивни реченици како - "Сигурна сум дека ќе се согласиш со мене околу нешто". На тој начин ќе создадеш позитивна атмосфера и ќе го натераш противникот да се согласи со тебе.

Не ударај под појас
Никогаш немој да навредуваш, дури и во случај ако тоа го прави личноста со која си во расправа. Целта е да ги нападнеш неговите аргументи а не самата особа.

Држи се до темата
Кога лицето ќе почне да губи во дебатата, вообичаено е да скршне од темата во надеж дека тоа нема да биде забележано. Биди концентрирана затоа што само така ќе забележиш дека темата се менува.

Поставувај прашања
Кога твојот противник ќе ги изнесе фактите, потруди се да го нападнеш со прашања поставени на начин на кој ќе ги откријат недостатоците.

Слушај и молчи кога некој зборува
Откако си изнела добар аргумент, пушти ја другата страна да каже што има. Ако слушаш внимателно, сигурни сме дека ќе добиеш додатен материјал со кој ќе извршиш противнапад.

Признај го поразот
Иако добро стош со аргументите, секогаш ќе се случи некој понекогаш да стои подобро од тебе. Кога ќе се случи тоа, достоинствено повлечи се и признај го поразот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...