Thursday, 14 June 2012 00:03 Занимливости

И покрај тоа што не учат дека облеката не го прави човекот, изгледа дека истото не важи и за чевлите кои ги носи...


Научниците од универзитетот во Канзас спровеле студија која потврди дека модниот стил, цената, бојата и состојбата на обувките зборува многу за емоционалната состојба на човекот што ги носи, како и за политичките, етичките и други карактеристики на неговата личност.

Истражувачите замолиле 63 студенти да погледнат 208 фотографии од различни парови чевли кои им припаѓале на волонтерите и потоа барале да ги оценат нивните карактерни црти. Она што ги шокирало научниците е фактот што студентите во повеќе од 90 проценти погодиле.

 "Чевлите откриваат скриени, но многу важни информации за лицето кое ги носи. Иако малку од нас се свесни за ова, чевлите кријат многу важна порака која им ја пренесуваме на луѓето околу нас", велат истражувачите. "Бидејќи постојат голем број на брендови, облици, бои и стилови на чевли, тие многу добро ја илустрираат нашата личност и нашите погледи на свет", додаваат.

Скапите чевли укажуваат на тоа дека лицето заработува многу, оние во светли или шарени бои најчесто ги носат екстровертите. Практични и функционални чевли обично носат оние кои се подготвени на компромис, чевли до глуждот носат агресивните личности, додека мирните одбираат чевли кои се удобни.

Чевли кои не се нови, но се беспрекорно одржувани носат совесните и внимателни личности. Оние со либерални погледи на животот најчесто бираат сандали.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...