Friday, 08 June 2012 22:10 Занимливости

Каде има најситен песок и кристално сино море?

Ако размислувате на која плажа да ја постелете својата крпа, еве неколку интересни предлози каде да го направите тоа.

Ова се најубавите европски плажи според веб списанието "Wild Junket":

Papagayo (Lanzarote, Шпанија)

Најчесто најубавите работи не се достапни за сите, така и до плажата Papagayo  не можете да стигнете со автомобил, туку пеш или со велосипед.

Lanzarote е северозападен остров на Канарските острови, а оваа плажа е најубава на нив, а и пошироко.

 

Златен `рт (Бол, Хрватска)

Оваа песочна плажа има интересен облик, кој се менува во зависност од ветровите. Откако ќе уживате во морето и сонцето, сенка можете да побарате во блиската борова шумичка.

 

Cala Tarida (Ibiza, Шпанија)

Ibiza не е само забава, забава, забава, барови и пак луда забава. На познатиот шпански oстров e сместена една од најубавите плажи. Скриена зад карпи од песок и далеку од вревата се наоѓа песочен залив и кристално сино море – совршено за одмор на душата и телото.

 

Sagres  (Algarve, Португалија)

Изолираната португалска плажа дефинитивно е место за незаборавен одмор. Таа е во целост опколена со карпи, а бидејќи ова подрачје е многу ветровито постојано го посетуваат бројни сурфери.

 

Las Islas Cies (Galicia, Шпанија)

Оваа шпанска плажа британскиот весник "Guardian" ја прогласи за една од најубавите во светот. Белиот песок и морето мирно како езеро се дел од плажата која е всушност национален парк. Поради тоа бројот на туристи е ограничен, а забрането е и кампување. Се со цел да се зачува оваа убавина.

 

Patara (Турција)

На оваа плажа е забрането градење за во потполност да остане недопрена. Во околината на плажата можете да најдете различни активности, особено ако сте љубител на авантуристичкиот туризам.

 

Navagio (Zakynthos, Грција)

До овој рај можете да стигнете само со бротче што испловува на екој час од местото Porto Vromi. Високите карпи го окружуваат белиот песок создавајќи прекрасно скриено место познато и како Shipwreck bay. Оваа плажа најдобро е да ја посетите во април или септември, кога нема премногу луѓе.

 

Sabbie Nere (Sicilia, Италија)

Оваа плажа е вулканска и се разликува од останатите по тоа што има црн песок. Сместена е на местото Porto di Ponente, на крајот на островот. По летувањето на место каде што се среќаваат море и вулкан, сигурно ќе имате што да раскажете кога ќе се вратите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...