ВИЦ
Циган и циганка разговараат за животот. ТОП ВИДЕО |
Friday, 08 June 2012 20:23
Занимливости
Tемпераментен или стабилен? Верен или агресивен? Носот открива сé... Експертите велат дека носот го открива карактерот. Ако сакате да знаете каков е некој, добро погледнете му го носот и ќе дознаете многу. Постојат шест видови носови според обликот: прчест, орловски, грчки, римски, египетски, месест. Прчест нос Ова подигнато носе открива љубезна, оптимистична и личност со карактер. Тоа се грижливи луѓе кои им пружаат љубов на семејството и пријателите. Овие луѓе се полни со ентузијазам и сакаат да експериментираат. Отворени се за сексуални авантури, но исто така знаат да бидат верни. Орловски нос Лицата кои имаа благо свиткан нос кон долу како орловски клун, најчесто сами го креираат својот животен пат и не ги слушаат другите. Тие не бараат одобрување од другите и знаат да бидат бунтовни. Не размислуваат за тоа што другите зборуваат за нив и се држат до сопствените ставови. Грчки нос Класично рамниот нос открива личност која има организациски способности. Добро е вакви лица да имате покрај себе во кризни периоди. Тие се стабилни и практични, цврсто стојат на земја. Не креваат паника, размислуваат логично и не ги искажуваат емоциите. Како работници се ефективни. Римски нос Проширен нос кој на средината има џумка е карактеристичен за личностите кои имаат карактеристики на водач. Овие луѓе се силни, но не и темпераментни. Тие не донесуваат брзи одлуки и имаат способност да влијаат на другите. Овие личности се ефективни организатори и лесно ги мотивираат другите луѓе. Месест нос Коренот на носот е тесен, а по должина се шири, на крајот може да биде и прчест. Личностите со ваков облик на нос брзо мислат, но и брзо делуваат. Овие личности се многу мудри, па во секоја ситуација брзо реагираат. Понекогаш и пребрзо, па делуваат и агресивно. Тие знаат да бидат грижливи и верни партнери. Египетски нос Долг нос, на крајот проширен имаат лицата кои се креативни и страстни. Овие луѓе сакаат промени и секогаш бараат нови начини да им пристапат на проблемите. Тие се со отворен ум, љубопитни се и знаат да ги изразат своите емоции. Овие личности се харизматични и благодарение на својот шарм лесно ги придобиваат другите луѓе. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















