Tuesday, 29 May 2012 11:20 Занимливости

Некој помалку, некој повеќе...


Многумина сакаат да веруваат дека се чесни и морални личности и оти само мал дел од луѓето лажат. Меѓутоа научниците докажале оти никој не е толку чесен како што тврди. Сите луѓе лажат за да ги свртат работите во своја корист.

Дан Ариели, професор по економија на Универзитетот Дјук во Северна Каролина, направил експеримент кој го спровел со цел да види колку лажењето е навистина раширено.

“Голем дел од тоа што го знаеме за причините за нечесноста го добивме со помош на мал експеримент кој го нарековме „задача со матрици“ и кој го користевме на разни начини”, објаснил Ариеле.

Тестот се спроведува така што на испитаниците им се делат листови со 20 задачи со матрици, а тие треба во секоја матрица да пронајдат два броја, чиј збир е десет. Имаат пет минути да решат колку што можат повеќе задачи, а на крај им се плаќа во согласност со тоа колку точни решенија имаат. За да им овозможат на испитаниците да мамат, им кажале по тестирањето самите да ги избројат точните одговори и тестот да го искинат и фрлат.

Во контролната група, во која било оневозможено мамењето, испитаниците во просек точно решиле по четири матрици. Во групата, во која било овозможено мамење, сите испитаници „станале попаметни и имале подобри резултати“. Просекот на решени задачи таму изнесувал шест.

“Ова зголемување на просекот не се случува поради тоа што некои лица тврдат дека решиле многу повеќе матрици, туку поради тоа што секој по малку мами”, изјави Ариели.

Истражувањето покажало дека само мал дел од луѓето секојдневно изговараат големи лаги. Сите останати лажат по малку и мамат само со цел да извлечат некаква корист. Тоа е дел од човековата природа.

Ариели се обидел да пронајде начин како да го спречи лажењето и мамењето. Се обидел да влијае на моралот на луѓето вклучени во истражувањето, па за време на еден експеримент на глас ги читал Божјите заповеди, тогаш луѓето мамеле помалку.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...