Monday, 28 May 2012 09:46 Занимливости

Шопингот не е ист во различни градови во светот. Има некои кои се познати како шопинг престолнини на светот. Видете кои се 10-те најдобри градови за шопинг во светот, според CNBC:...

Хонг Конг
Градот-држава е магнет за туристи - посетуван од 42 милиони годишно. Овие 42 милиони луѓе доста купуваат. Поголемиот дел од туристите се од Кина. Тие купуваат од тука луксузни работи за поевтино. Услугата е прекрасна, вработените зборуваат на повеќе јазици, бидејќи се навикнати да работат со туристи.

Остин
Градот цвета. Се очекува БДП да се зголеми за 6% годишно до 2016 година. Само Apple ќе создаде 3600 работни места во новиот магазин.

Париз
Тука има пет големи стоковни куќи и 17 500 помали. Не недостасуваат и потенцијални купувачи - граѓаните на Париз се 2.2 милиони, а туристите годишно се 15.6 милиони. Најмодерните брендирани продавници се во квартот Опера. Еден од реоните за луксузни стоки е San Germain. Не пропуштајте ја се разбира, и Шанз Елиза.

Лос Анџелес
Туристите го обожуваат градот каде што е вечно лето. Во 2011 година Ел Еј е посетен од 26.9 милиони туристи. Лос Анџелес е град на трговски центри. Многу од нив се изградени во 60-тите и 70-тите години. Посетете го булевар Санта Миника, Уестфијлд Сенчори, Венис Бич, Пасео Колорадо, како и Мелроуз авенија.

Мелбурн
Само во 2011 година туристите потрошиле 4.3 милијарди долари тука. Владата враќа ДДВ на сите странски туристи. Посетете го Квинс Викторија Маркет.

Лондон
Оваа година ќе биде важна за Лондон. Ќе има олимписки игри, а во јуни се организира 3-дневна прослава за роденденот на Кралицата.
Каде да одите? Најпознатите места се Оксфорд Стрит, Најтсбриџ, Кемдон Маркет, Карнаби Стрит.

Њујорк
Тука живеат околу 8.1 милиони луѓе и уште 6 пати толку доаѓаат како туристи. Во 2011 година градот е посетен од над 50 милиони туристи, кои потрошиле околу 32 милијарди долари за сместување, храна и шопинг.

Копенхаген
Копенхаген е космополитски град. Над 60 000 луѓе доаѓаат тука за Неделата на модата во август. Има две големи трговски улици, кои нудат се, од луксузни брендови до масовни облека. Едната е Strоget (најдолгата пешачка улица во светот). Тука има продавници на Prada, Chanel и Louis Vuitton. Другата е Kоbmagergade.

Филаделфија
Посетете ги Rittenhouse Row, Center City и Old City. Градот е богат не само на продавници за облека, но и на антикварници и уметнички галерии.

Милано
Нема модна марка во светот што нема бутик во Милано. Градот е присутен на сите листи поврзани со мода.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...