Monday, 28 May 2012 07:37 Занимливости

Доцнењето на работа е стресна ситуација која се има случено на секого од нас, на некои повеќе, а некои помалку пати. На многу луѓе едноставно не може да им се помогне, и ќе доцнат секогаш и секаде, па дури и на работа. Се будат во последен момент, истовремено ги мијат забите, облекуваат чорапи, а потоа трчат на автобуска станица, проклета судбина. Еве неколку решенија за незгодни ситуации...

Се будите 10 минути пред работното време
Сигурно ќе му се јавите на шефот, ќе му кажете дека ви е лошо и ќе го замолите да работите од дома (во случај природата на работата да го дозволува тоа). Никако не смееш лежерно да се прошеташ низ канцеларија без никакво објаснување и смирено да седнеш на биро како ништо да не се случило. Секако дека е пожелно да му пратите е-мајл на шефот или барем да му јавите дека ќе доцните.

Ви се случило да задоцните веќе 3 пати оваа недела/месец затоа што сте заспале
Ти паѓа на памет идеја да го замолиш шефот да дојдеш малку покасно на работа отколку што доаѓаат другите? Немој да мислиш на еден куп изговори туку својот аларм намести го малку порано од обично. Процени колку време ти е потребно за да станеш и да стигнеш на работа. Можби би било добро кога  би го исклучила телевизорот и другите блокатори кои му пречат на правилниот сон барем час-два пред спиење.

Доцните поради јавен превоз
Можеби мислиш дека тоа е сосмеа оправдана причина, но фактот дека автобусот доцни цел пола час не го интересира никого, а посебно не твојот шеф. Тој ќе ти советува исто што и ние - почни да тргнуваш порано. Можеби ќе можеш и да се напиеш кафе со колегите од работа пред да започнете да работите, што ќе ти биде одличен почеток на денот.

Доцните поради лошото време
Никој нема да поверува во приказната дека ветарот дувал толку силно што те однесе во спротивен правец од оној по кој одиш на работа. Наместо цел ден да бидеш намќор затоа што дождот ти ги наводнил чевлите, јави му се на шефот и предупреди го дека лошото време те задржало. Големи се шансите дека и на некои од твоите колеги им случило нешто слично.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...