Thursday, 10 May 2012 11:19 Занимливости

Денес iPad е еден од најпопуларните нови направи за комуникација во светот. А во прилог на таквата популарност сигурно оди и фактот дека својата примена ја најде и во животинскиот свет...

За шест орангурани во зоолошката градина во Мајами, iPad станал едно од основните средства за комуникација, пренесува порталот Wired. Го користат за да ги изразат своите желби и потреби и тоа преку преку апликациите кои се наменети за децата со аутизам.

"Досега човекот кој работеше со орангутаните комуницираше преку јазик со знаци. Користењето на iPad им дозволува еден нов облик на комуникација со луѓето, а исто така и ментално ги стимулира", нагласува Линда Јакобс, која ја надгледува програмата "Jungle Island."

Занимливо, на старите орангурани, 35-годишната Кони и 33-годишниот Синбаду, iPad комуникацијата не им се допаднала. Таквата ситуација Линда ја коментираше со овие зборови: "Тоа е исто како и со моите родители. Се трудам да ги убедам да користат iPad, но тие едноставно не се заинтересирани. Помладите генерации на орангутани со задоволство го користат, но тие постарите не сакаат ниту да пробат".

Со оглед на тоа дека овие животни се најмногу "фасцинирани" од снимките на други орангутани кои можат да ги видат на iPad направата, Јакобс се надева дека во иднина ќе може да се организира видео конференција преку која орангутаните ќе можат да комуницираат со своите колеги од другите зоолошки градини.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...