Најнеобичните желби посакани на смртната постела и најчудните тестаменти...
Секој има своја желба која сака да му биде исполнета пред судниот час, но колку таа може да биде необична?...
1. Angel Pantoja - сакал да стои на сопствениот погреб

Погребната служба во Puerto Rico морала да употреби специјален третман на балсамирање за да го задржи телото на 24-годишниот Angel Pantoja Medina да стои исправено за 3-дневното бдеење во домот на неговата мајка во San Huan. Со New York Yankees капа и очила за сонце, Pantoja бил оплакуван од своите роднини и пријатели додека стоел исправно во дневната соба. „Angel сакаше да биде среќен и исправен“ - изјавил неговиот брат Carlos.
2. Helmsley - оставила 12 милиони долари на Trouble (нејзиното куче)

Некои можат да кажат дека Leona Helmsley е Кралица на злобноста, но нејзиното куче нема да се согласи. Helmsley починала на 87 години,а нејзиниот тестамент бил јавно направен. Во тестаментот, таа остава 12 милиони долари на своето куче и 10 милиони долари на својот брат кој треба да се погрижи да биде исполнета нејзината волја. Кога кучето ќе умре, да биде закопано до својата сопственичка во мавзолеј вреден 1.4 милиони долари.
3. 9-годишната Jayla - сакала да се омажи пред да умре


Секо мало девојче сонува за денот на својата венчавка, комплетирано со прекрасен бел фустан и секако перфектен сопруг. Но, 9-годишната Jayla Cooper немала време да го чека Господинот Перфектен, затоа што 2 години се борела со леукемија. Желбата на Jayla била исполнета. Нејзиниот најдобар другар, Jose Griggs застанал до неа пред олтарот. А нејзиниот сон бил комлетиран со убавиот бел фустан и присуството на роднини и пријатели.
4. Rodenberry (креаторот на Star Trek) - барал да биде кремиран и испратен во Вселената

Gene Rodenberry кој бил креатор на телевизискиот феномен Star Trek, ја сакал Вселената и научната фантастика толку многу, што барал по смртта неговото тело да биде кремирано и испратено во вселената. Неговите последни желби биле исполнети и бил испратен во Вселената со Шпански сателит во 1997 година. Неговата сопруга му се придружи во Вселената по нејзината смрт, односно, 10 години откако го испратила сопругот на вечното патување.
5. Младиот Nick Wallis (инвалид) - побарал проститутка за да ја загуби невиноста

Младото момче со посебни потреби било згрижено од страна на една калуѓерка, побарало проститутка за да ја загуби невиноста пред да умре. Сестрата Frances Dominica го поддржувала 22-годишниот Nick Wallis, кој бил роден со мускуларна дистрофија. Неговата желба била исполнета.