ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 09 May 2012 10:28
Занимливости
Искусните домаќинки знаат дека ова абразивно средство има примена и во цела низа работи низ домот, па и во козметиката и негата на кожата...
Но имајте на ум дека ова важи за обичната бела паста за заби, а не за оние кои доаѓаат во облик на различни гелови. Погледнете каде пастата за заби нашла своја примена: Неутрализирање на мирисот на рацете Сечењето кромид, чистењето риба или лупењето лук остава силен, често и непријатен мирис на рацете кој не се отстранува со обичен сапун. Тогаш добро истријте ги рацете со паста за заби и сите непријатни мириси ќе исчезнат. Исчистете го својот накит Без разлика дали станува збор за сребро или злато, полирањето со мека четка на која има малку паста за заби за миг ќе му го врати некогашниот сјај на вашиот накит. Исто така, ако сакате да го освежите изгледот на некој метален предмет, oставете го да стои десет минути во сад со вода во која има растопено паста. Но внимавајте, избегнувајте триење на било каков скапоцен камен, бидејќи може да му ја оштетите површината. Боички на ѕидот Ако вашето дете го изразува својот уметнички талент на ѕидот од дневната соба, не кревајте паника. Ставете малку паста на сув сунѓер и со него избришете ги боите од ѕидот. Отстранување на мозолчиња Намачкајте го мозолчето со слој паста пред да одите во кревет, а утрото измијте го лицето. Истата тактика може да ја примените и за да ги смирите воспалените места по каснување од различни инсекти. Нега на ноктите Пастата ќе ги исчисти, но и ќе ги направи вашите нокти силни и сјајни. Отстранување на траги од сапун Истријте ја стаклената врата од туш кабината со мокар сунѓер и малку паста за заби. Доколку станува збор за премногу засушен сапун, намачкајте со паста и оставете да делува 30 минути пред да ја измиете. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















