Monday, 07 May 2012 10:38 Занимливости

Домаќинката Вајолет Д’Мело (60) ја нападнале гепарди во резерват во Јужноафриканската република, а нејзиниот сопруг Арчи сето тоа го фотографирал...


“Беше страшно и сѐ се случи многу брзо. Една минута бев во кафезот со гепарди, а во следнaтa ме гризaа за главата. Морав да се преправам дека сум мртва додека ме гризаа и по нозете и стомакот”, раскажала Вајолет.

“Буквално се појавија од никаде и јас бев целосно беспомошна. Докторот ми кажа дека гепардите обично ги напаѓаат своите жртви на стомакот за да ги онеспособат и дека треба да сум среќна што сум жива”, изјави Вајолет.

Нејзиниот сопруг Арчи за сето време бил пред кафезот, од каде што го фотографирал нападот. Тој тврди дека не можел ништо да направи.

“Нападот траеше три минути пред Вајолет, која тешко крвареше, да успее да побегне”, рекол Арчи.

Вработените во паркот тврдат дека животните не се агресивни и дека само биле возбудени поради многуте посетители.

И менаџерот на паркот Мајк Кантор, кој ги чува двата гепарди откако се родени, објасни дека тие инаку не се агресивни.

“Израснаа покрај мене и тие не се агресивни животни. Изгледало како да сакаат да си играат со неа. Проблемот со гепардите е тоа што се како кучиња, не можат да ги повлечат канџите и ја повредиле. Веројатно мислеле дека е време за игра”, изјави Кантор.

“Ќе ја процениме ситуацијата за недела-две и најверојатно повторно ќе ги пуштаме луѓе кај животните, бидејќи мислиме дека е безбедно”, велат од паркот.

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...