Friday, 04 May 2012 07:31 Занимливости

Склони сме да мислиме дека новороденчињата се раѓаат како "празна плоча", без никакви искуства, сакајќи се околу себе подеднакво. Иако тоа до некаде е вистина, новото истражување покажало дека децата можат да ја видат разликата меѓу расите многу порано отколку што мислиме ние. До деветиот месец од животот, децата подобро ги препознаваат емоциите и изразите на лицето на луѓето на чијашто раса припаѓаат. Со тоа децата започнуваат да го доживуваат светот "ние" против "нив", пишува Science Daily...

Психологот Лиса Скот и нејзните колеги од универзитетот во Масачусетс проучувале 48 бели бебиња, кои имале мала или никаква интереакција со припадниците од црната раса. Истражувачите пред децата поставиле задача во која требало да ги препознаат емоциите од лицето на белите и црните деца. Додека децата ги препознавале емоциите тага и среќа, се бележала активноста на нивниот мозок.

Заклучено е дека децата во периодот од пет месеци поеднакво ги распознаваат разликите меѓу емоциите кај двете раси. Но, децата во периодот од девет месеци полесно ги распознаваат емоциите кај луѓето до својата раса. Петмсечните деца ги процесираат емоциите во еден дел од мозокот, додека оние кои се четири месеци постари користат друг дел од мозокот.

Ова покажува дека децата со текот на растењето се ориентираат на тоа што им е најважно, а тоа значи дека најмногу ја забележуваат својата раса. "Овие резултати покажуваат дека децата кои сеуште неможат да зборуваат ја гледаат разликата меѓу лицата, а сето ова се случува многу порано од развојот на разбирањето за расизмот. Важно е да ја знаеме природата на овие разлики за да можеме да ги "редуцираме или потполно да ги елиминираме", изјавила Скот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...