Интересни факти за вашето тело за кои не сте знаеле...
Секако дека секој сам си е господар и најдобро го познава своето тело, но постојат факти за кои не сте знаеле. Еве прилика да прочитате!
1. Телото е способно да произведе аспирин

Внесувањето на овошје и зеленчук му помага на човечкото тело само да си произведе аспирин. Според истражувањата извршени на волонтери, докажано е дека природната супстанца во овошјето и зеленчукот е бензоевата киселина, внесена во организмот на човекот се претвора во салицилна киселина која пак е основна компонента на аспиринот кој претставува инфламатор и аналгетик.
2. Дремнувањето на работа е добро за вашиот шеф

20-минутното дремнување може да го подигне вашето расположение и вашата продуктивност, а тоа ќе трае неколку часови.
3. Ејакулацијата може да предизвика кивање

Некои мажи како резултат на ејакулацијата добиваат главоболка и кивање. Зголемената активност на нервниот систем за време на оргазмот може да биде виновник за добивањето главоболка. Објаснувањето за добивање на кивавица се должи на тоа што во мозокот, центарот за оргазми е многу блиску до центрите за прозевање и кивање.
4. Секој човек има уникатен принт на јазикот

Исто како и отпечатоците на прстите, и јазикот е уникатен орган. Јазикот ги презентира геометриската информација и психолошката текстура кои се потенцијално корисни за идентификација.
5. Белата кожа се равила постепено

Изгледа дека некогаш одамна сите сме биле со црна кожа. Белата кожа е резултат на човечката миграција надвор од Екваторот. Секоја кожа без боја е кремасто бела. Жолтиот пигмент е нијанса на сликарско платно. Сето тоа измешано ги формира боите на кожата на сите луѓе во Светот.
6. На стапалото се наоѓа најдебелата кожа

Кожата на табаните е 4 милиметри дебела и е најдебелата кожа која се наоѓа на човечкото тело, посебно онаа која се наоѓа на петите. Таму се наоѓаат најмногу потни жлезди.
7. Апендиксот не е толку непотребен колку што мислите

Апендиксот или кај нас попознат како слепо црево не е толку непотребен. Во него живее корисна бактерија која штити од дијареа.
8. Телото е повисоко наутро отколку навечер

Човечкото тело наутро е повисоко, а како одминува денот, телото се намалува. Повишувањето на телото се должи на флуидот помеѓу дисковите во телото, како што одминува денот дисковите се компресираат и телото губи многу малку од својата височина.
9. Луѓето светат во темно

Забележано е со ултра-сензитивни камери дека нашето тело емитира светлина која е многу слаба за нашето око да може да ја детектира.
10. Стомакот произведува нови мембрани секои 3 дена.

Постои една опасна течност која не може да ви биде конфискувана, а тоа е хлороводородната киселина која се наоѓа во вашиот желудник. Таа може да го оштети човечкиот организам, но тоа е спречено со помош на мукозните мембрани кои се произведуваат на секои три дена за да се избегне оштетувањето на организмот со сопствена киселина.
11. Позицијата на телото влијае врз меморијата

Доколку не можете да се сетите на годишнината од вашиот брак, клекнете на колена. Според едно истражување докажано е дека на некои епизоди од минатото полесно ќе се сетите доколку го поставите телото во слична позиција како тогаш.
12. Големите мозоци предизвикуваат стеснета уста

Еволуцијата не е перфектна. Ако беше, можевме да имаме крила наместо умници. Но, како што расте мозокот, структурата на вилицата се менува, оставајќи не подзинти.
13. Плавушите имаат повеќе коса

Велат дека повеќе се забавуваат и имаат повеќе коса. Бојата на косата определува колкава е нејзината густина. Просечен човек има 100.000 фоликули на главата, и секоја од нив е во можност да произведе 20 индивидуални влакна во текот на животот. Плавушите во просек имаат 146.000 фоликули додека оние со црна коса имаат во просек 100.000 фоликули, а луѓето со црвена коса имаат 86.000 фоликули.
14. Просечна личност испушта гасови 14 пати на ден

Дури и оние кои мислат дека гордоста им е на високо ниво, во реалноста испуштаат гасови по неколку пати на ден. Дигестијата предизвикува испуштање на гасови од организмот, кои можат да предизвикаат болка во абдоменот ако не се испуштат.
15. Оргазмите се превенција од рак на простатата

Со помош на две големи студии се докажало дека средовечните луѓе кои во просек имаат по 4 оргазми во текот на една недела имаат намален ризик за добивање на рак на простатата. Некои истражувања предизвикуваат шпекулации дека со ејакулацијата можно е да се исфрлат канцерогени материи и ја чистат простатата.