Monday, 30 April 2012 18:58 Занимливости

Љубовта е убава, овој свет го прави подобро место за живот и сите копнееме по неа... Но, лесно е да се изгуби компасот на чувствителното поле од човечки емоции.

Ако сте сами, дали сакате покрај себе некој кој ви се допаѓа, или само сакате повторно да го доживеете оној вртолог од чувства кој не повлекува кога ќе се вљубиме или кога ќе се убедиме себеси дека сме вљубени?

Дали сте „вљубени во љубовта“?

„Паѓате“ на романтични комедии. Дечко запознава девојка. Девојка запознава дечко. Се вљубуваат, па раскинуваат поради некој неверојатен пресврт на околностит... Па, тогаш по силни перипетии се смируваат, а вие солзи роните бидејќи многу ве допрела таа филмска приказна?

Еве ви сигнал дека не можете да и одолеете на идејата за љубовта.

Иако целиот овој сегмент на филмската индустрија се базира токму на тоа, и заработуваат пари на (претежно) женската склоност да се соживеат со приказната на јунаците од големото платно, под вообичаени околности сите сме свесни дека животот не е филм и дека во реалноста не можеме да очекуваме ништо слично.

Но, ако драмскиот заплет толку ве обземе, што и по крајот на филмот ќе продолжите да сонувате или дури и да се обидувате да го „оживеете“ заплетот или поединечни сцени, па, би се кажало дека сепак малку претерувате.

Сите ваши љубови се „судбински“. Заедно сте можеби само една недела, два дена, а вие веќе фантазирате за иднината, се затрупувате со романтични пораки и ги смислувате имињата на вашите идни деца?

Или сепак тоа го правите само вие, а вашиот партнер е малку повоздржан, но вие не сте свесни за тоа?

За жал, линијата меѓу слатките, романтични фантазирања и целосната опседнатост со новата личност во вашиот живот е прилично тенка. Кај луѓето кои се „вљубени во љубовта“ таа е уште понејасна.

Ако секој пат од првиот ден вложувате се во врската, и од првиот момент за вас не постои ништо освен новиот партнер, а потоа сфаќате дека напорите не се взаемни, можеби е време да го промените пристапот и во иднина да одите чекор по чекор...

За љубовта, како и за сите други важни работи во животот, потребно е трпение и малку среќа. И иако никогаш не постои гаранција дека ќе трае „за цел живот“, ако и дадете време и простор да расте... кој знае што се убаво може да се случи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...