Monday, 30 April 2012 14:36 Занимливости

Еден од најбогатите луѓе во Австралија, Клајв Палмер планира да изгради нова верзија на несреќниот брод Титаник, а првата пловидба од Англија до Њујорк се планира за 2016 година...

Палмер, милјардер кој се збогати од рударската индустрија, кажал дека од кинеската компанија "CSC Jinling" која се занимава со изградба на бродови, нарачал изградба на Титаник 2, верзија на 21 век, кој ќе биде со исти димензии како и неговиот претходник.

"Овој брод сигурно ќе биде еднакво луксузен како и оригиналниот Титаник, но со технологијата на 21 век - со најмодерен систем за навигација и безбедност", изјавил Пламер.

Титаник 2 ќе плови во северната хемисвера, а првото патување е планирано од Англија до Њујорк за крајот на 2016 година. Пламер додаде дека побарал од кинеската морнарица да го прати Титаник 2 на патото до Њујорк.

Оваа најава следуваше нелколу недели откако беа одбележани 100 години од потонувањето на бродот за кој се зборуваше дека е неуништлив.

Титаник потона на 15 април 1912 година, откако удри во леден брег, на своето прво патување од Саутепмтон до Њујорк. Тогаш животот го изгубија 1.514 патници и членовите на екипажот.

Паламер додаде дека новиот брод ќе биде во сеќавање на духот на мажите и жените кои работеле на првиот Титаник.

"Тие направиле нешто на кое луѓето сеуште му се восхитуваат и после повеќе од 100 години. Затоа сакаме тој дух да продолжи да живее и во наредните 100 години", рекол тој.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...