Thursday, 26 April 2012 18:09 Занимливости

Дали понекогаш ви се случува на некој да му кажете „погледни лево“, а всушност сакате да му го свртите вниманието на нешто од десната страна?

Чудно е тоа, иако концептот на лева и десна страна, се разбира, ни е познат, на сите понекогаш ни се случува да згрешиме. Знаете кога на некој ќе му кажете „погледни лево“, а всушност сакате да му го свртите вниманието на нешто од десната страна. Сепак, не некои луѓе тоа им се случува почесто отколку на други.

Овде, притоа, не станува збор за луѓе кои имале мозочен удар или некоја повреда која може да доведе до конфузија околу тоа што е лево, а што десно.

Уште во 1978 година е спроведено истражување во кое учествувале 364 студенти, кои не страдале од невролошки пореметувања, а резултатите покажале дека неможноста за моментално разликување на левата и десната страна во просторот е прилично честа, посебно меѓу жените.

Научниците велат дека коренот на овој проблем лежи во латеризацијата на мозокот, односно во начинот на кој се одредени функциите врзани за десната, односно левата хемисфера од мозокот. Иако оваа појава не е испитана до крај, студиите покажуваат дека постои извесна врска меѓу степенот на латерализација и забуна околу одредување на левата и десната страна.

На пример, оваа конфузија околу „левото“ и „десното“ е поврзана со нашата способност да се одредиме во однос на просторот кој не опкружува, односно со ориентацијата. Тоа донекаде објаснува зошто почесто се јавува кај жените отколку кај мажите, затоа што тие во главно покажуваат послаби резултати на тестирањата кои се занимаваат со просторното резонирање, кога од испитаниците се бара да извршат „ментална ротација“ на објектот и потоа да проценат дали двата предмети се идентични, или еден од нив е „одраз во огледалото“ на оној другиот.

Меѓутоа, во 2011 тим германски научници спровел истражување кое ја негирало врската меѓу способноста за ментална ориентација и разликување од тоа што е десно, а што лево. Прво е тестирана способноста за ментална ротација, а потоа испитаниците решавале два стандардни тестови со кои се утврдува разликувањето на „десното“ и „левото“, во кои од испитаниците се очекува во моментот да ја одредат положбата на зборот или симболот на сликата. Нивниот извештај кој е објавен во професионалното списание Brain and Cognition сугерира дека постојат значајни разлики меѓу половите во врска со оваа прашање, независно од прашањата за ментална ротација.

Степенот на асиметрија на мозочните хемисфери и нивото на латерализација најверојатно се пресудни за нашата способност за разликување на тоа што е лево, а што е десно.

Науката го нема целосно разјаснето ова прашање, но ако сакате да ја проверите својата способност за разликување на лево и десно, кликнете овде.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...