Wednesday, 25 April 2012 17:29 Занимливости

Едно од три деца признава дека не сака да ги слуша приказните на своите баба и дедо, затоа што ги смета за здодевни, покажуваат нови истражувања.

Легендарните приказни на баба и дедо се во опасност да станат целосно непожелни, сметаат родителите кои забележуваат дека нивните деца брзо се исклучуваат од таквите разговори.

Истражувањата покажуваат дека само 18% од младите на возраст до деветнаесет години поминуваат време со постарите во семејството, разговарајќи за „добрите стари денови“.

Нашите баби и дедовци сигурно имаат што да им раскажат на своите внуци и правнуци, затоа што преживеале барем една светска војна и бројни промени во светот, пишува Daily Mail.

Не се во прашање само лични спомени, туку и стари вештини и обичаи кои нашите претци ги осмислиле и кои се пренесуваат со векови.

Сепак, до некаде теши фактот дека 68% од родителите ја препознаваат важноста за делење на семејните истоии и обичаи со помладите генерации.

„Една од улогата на родителите е иповрзување на децата со семејната традиција и членовите на поширокото семејство, како што се бабите и дедовците“, вели аналитичарката на семејни однсои, Лиз Фрејзер.

Ако не дознаат нешто од своите баба и дедо, децата нема да го разберат доприносот на постарите генерации кои овозможиле светот да стане ваков каков што го знаеме, велат истражувачите.

„Распространетоста на компјутерските игри, мобилните телефони и телевизијата лесно го преокупира детското внимание и тие не се заинтересирани за разговор“, тврди Лиз Фрејзер.

Децата можат лесно да се заинтересираат за тоа што саканиот дедо го правел во старите денови, ако од тие случки се направат интересни приказни со скриена порака.

„Важно е да им се овозможи на децата на интересен начин да дознаат од каде потекнува нивното семејство и кои им се претците“, вели Лиз.

На овој начин се гради и се чува чувството на семеен идентитет и гордост, кој на децата им помага правилно да се развиваат и да го пронајдат своето место во опкружувањето.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...