Saturday, 01 August 2009 19:03 Занимливости
Зборувајќи за боите, сите имаме свои омилени...но какво е нивното значење?...

 

Секој од нас е фасциниран најмалку од една боја и сакаме да ни биде дадена шанса за еден ден да го обоиме целиот свет во таа боја. Погледнете наоколу во вашиот дом или во вашиот ормар и можете да ја забележите бојата која доминира само затоа што ви е омилена.

Можеби знаете, или не, но секоја боја има различно влијание врз нашите емоции, тела и расположенија. Секоја боја е поврзана со значење и во моментот кога ќе ја погледнете предизвикува емотивна реакција. Како што некои бои не смируваат и релаксираат, постојат и такви кои го погодуваат нашиот темперамент и ја извлекуваат нашата анксиозност. Постојат бои кои не фрлаат во депресија, но има и такви кои не полнат со енергија. Во зависност од тоа што сакате да постигнете во животот, можете да одберете од многуте бои и да ги вметнете во вашиот ормар или во декорот на вашиот дом.



Еве една листа на бои и како тие делуваат врз животот на луѓето.

1. Црвена
Ова е боја на сила, истрајност, управување и страст. Со оваа боја поправете ја вашата самодоверба и љубовните проблеми во вашиот живот.

2. Портокалова
Оваа боја е поврзана со слободата, ентузијазмот и друштвеноста. Портокаловата боја се сфаќа и како добредојдена и поканувачка боја и со неа можете да го зајакнете вашиот друштвен круг.

3. Жолта
Жолтата е боја на оригиналноста, креативноста, духовноста и имагинацијата, па ако сакате да ја поткренете вашата креативност и имагинација додадете малку жолта боја во домашниот декор или во работната канцеларија.

4. Зелена
Оваа боја можете да ја користите кога работите ќе излезат од контрола, затоа што се верува дека оваа боја внесува хармонија, нежност, великодушност и стабилност.

5. Сина
Кога сте под стрес и вознемирени, ова е бојата која ќе ви донесе малку духовност и смиреност.

6. Индиго
Ако сакате да внесете малку спиритуалност во вашиот живот, ова е бојата која може да ви помогне. Позната е и по подобрување на перцепцијата, интуитивноста и рецептивноста. Многу брзо може да го доведе вашиот ум во медитациска фаза.

7. Виолетова
Ефектите на оваа боја се слични со ефектите на жолтата која помага да се развие вашата креативност.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...