Saturday, 21 April 2012 15:28 Занимливости

Ако сакате да внесете што повеќе протеини во организмот - јадете инсекти, наведува популарниот холандски „Кувар со инсекти“ кој содржи низа необични рецепти како што се чоколадни мафини со црви или рижото со печурки и скакулци.

Познато е дека во книжарите најмногу се бараат книги со рецепти, а ни електронските медиуми не кријат дека најгледани емисии се токму оние посветени на кулинарството.

Во таа бранша тешко е да се биде оригинален, но сепак не е невозможно. Затоа во Холандија во почетокот на оваа недела во книжарниците се појави куварот The Insect Cookbook кој промовира конзумирање на инсекти, како значаен извор за протеини.

„Оваа книга ја гледам како уште еден чекор кон воведувањето на инсектите во менито во рестораните во Холандија. Очекувам луѓето да го купат куварот и да почнат да подготвуваат јадења од инсекти дома“, рече Марсел Дике, професор на универзитетот во Вагенинген и професионалец за производство на храна.

Истражувањата на научниците од овој универзитет покажуваат дека инсектите се најдобар извор за протеини, што е важно имајќи го предвид константниот раст на светската популација.

Дике потсетува дека до 2050 година светската популација ќе достигне бројка од девет милијарди и дека тогаш ќе биде тешко да се обезбедат доволно протеини за сите. Инсектите и месото од животни со кое луѓето сега се хранат имаат слична хранлива вредност, а емитувањето на јаглероден диоксид при произведувањето на инсектите е сто пати помало отколку во случај на одгледување на свиња, на пример.

Во Холандија веќе постои ресторан кој на своето мени има пет јадења од инсекти. Сопственикот на овој објект вели дека не очекува инсектите да станат посебно популарни затоа што се со необичен вкус.

„Се не согласуваат најдобро со рибата, на пример. Но, убаво е да се има едно или две јадења со инсекти на менито, под услов тоа да биде сфатено како забава“, рекол тој.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...