ТОП ВИДЕО |
Friday, 20 April 2012 18:19
Занимливости
Барате причини зошто да пешачите до работата? Со пешачењето до работа ќе заштедите пари, ќе ослабнете и ќе ги зацврстите мускулите. Но, ако тоа не ви е доволно, еве осум причини зошто да пешачите до работа.
Помага во зачувувањето на срцето и крвните вени Пешачењето всушност е одлична кардиоваскуларна вежба. Пешачењето го тера срцето да пумпа крв и ја подобрува циркулацијата, а подобриот проток на крвта значи дека вашиот организам добива доволно крв богата со хранливи материи потребни за оптимално здрајве. Професионалците препорачуваат 10.000 чекори секој ден за зачувување на здравјето. Помага во одржувањето на телесната тежина Ако пешачите четири километри дневно, пет дена во неделата ќе согорете повеќе од 2.000 калории. Го опушта мозокот и го враќа доброто расположение Мозокот за време на пешачењето произведува ендорфин т.н. хормон на среќата кој е одговорен за доброто чувство. Хормонот на среќата помага да се ублажи стресот и го поправа расположението што може да придонесе за продуктивноста на работа. Го засилува имунитетот Со пешачење ја подобрувате циркулацијата што овозможува пренесување на имунолошки клетки кои побрзо ќе ги убијат вирусите и бактериите. Затоа 30 минути пешачење дневно го намалува ризикот од настинка и грип. Ќе се ослободите од стресот На патот кон работа размислувајте за дневните задачи и потребните подготовки. Свежиот воздух ќе ви го разбистри умот и така полесно ќе дојдете до некои решенија. Исто така, пешачењето ќе ви помогне да се ослободите од стресот собран за време на денот и да се вратите задоволни дома. Ќе заштедите пари Градскиот превоз обично е скап, а за бензинот да не зборуваме. А покрај сето тоа, овде е и вечното прашање за паркирањето. Не само што не можете да пронајдете место за паркирање на вашиот автомобил, туку морате да платите и релативно висока цена за истото. Сето тоа помножете го со 20 работни денови во месецот и 12 месеци во годината и ќе сфатите зошто пешачењето е поисплатливо. Ќе ја намалите емисијата на испуштени гасови Ако патувате на работа со автомобил замислете колку го загадувате воздухот. Автомобилите, автобусите и камионите се главни загадувачи на воздухот. Тие во воздухот испуштаат дим кој може да содржи јаглерод моноксид, азотни оксиди, јаглеводороди, олово и разни честички. Со пешачењето помагате во борбата против глобално затоплување. Можеби побрзо ќе стигнете на работа! Во повеќето градови има голема гужва во сообраќајот токму поради тоа што луѓето се возат до работа и од работа. Така што, понекогаш можеби и побрзо ќе стигнете ако пешачите до работата. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















