ВИЦ
Плавуша вика од бањата: ТОП ВИДЕО |
Friday, 20 April 2012 08:38
Занимливости
Фејсбук во последниве години стана централно место на пазарот за врски, а за разлика од врските започнати во четири очи, неговата особеност овозможува многу лаги. Ситниците кои ќе ги измислиш може да те зближат со некоја личност на Фејсбук, но и да те одалечи од истата кога ќе се запознаете. Не мораш да ги покажуваш своите негативности, но некои лаги е подобро да не ги започнуваш:...
Фејсбук фотографија Не зборуваме за фотографија од твојата омилена глумица, зошто ако момчето не свати дека не си ти, веројатно и заслужува незгодно изненадување. Зборуваме за оние фотографии на кои не личиш на себе, на кои изгледаш многу помлада/ поубава/ послаба отколку што си сега, фотографии кои толку се обработени во Фотошоп што покажуваат дека станува збор за сосема друга личност. Не е се во изгледот, но ако со помош на трикови сакаш да го намамиш момчето да се најдете, неговата реакција ќе биде лоша, а сигурно и ќе ти замери затоа што си го измамила. Искреноста е секогаш најдобра, а ако мислиш дека со неа нема да го освоиш момчето кое ти се допаѓа, промени го него, а не себе. На Фејсбук е многу едноставно да дознаеш што сака твојот потенцијален партнер, да го научиш тоа на памет, и да глумиш дека делите исти интереси. Ова може да функционира некое време, но подобро е да го избегнуваш ова однесување, бидејќи кога - тогаш ќе свати дека си ги измислила половина од своите интереси. Страста кон фудбалски клуб е многу тешко да се глуми доколку ја нема, а со тоа ќе се измачуваш самата себе. Не мора веднаш да му кажеш на момчето дека те боли глава од неговиот омилен филм, но да глумиш дека тоа е и твојот омилен филм е навистина бесмислено. Некои девојки, со цел да го привлечат вниманието на момчето кое им се допаѓа, ќе направат илузија на животенот стил за кој мислат дека е привлечен, и ќе глумат нешто што не се. Ова го вклучува сликањето во ситуации кои не се секојдневни за тебе и прикажување на истите како најнормална работа на светот, статуси кои оставаат впечаток дека постојано излегуваш, патуваш, уживаш, иако поголемиот дел од времето го поминуваш дома. Наместо да прикажуваш лажен стил на живеење, излези надвор и пробај да се забавуваш во реалниот свет, зашто секое момче ќе биде заинтересирано за девојка која не се појавува на Фејсбук на секои 5 минути. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















