ТОП ВИДЕО |
Thursday, 19 April 2012 17:01
Занимливости
Физичар во труд од четири страници објаснил зошто не би требало да добие сообраќајна казна.
Димитриј Криуков од универзитетот во Сан Диего добил казна поради наводно „игнорирање“ на знакот за запирање, но одлучил да не се предаде без борба, и во научен труд да објасни зошто полицаецот кој го казнил погрешил. Криуков на интернет го поставил својот труд „Доказ за невиност“, во кој објаснил дека „простите принципи на механиката, геометријата, физиката и математиката“ докажуваат дека всушност не поминал без застанување покрај знакот „стоп“, туку дека тоа на полицаецот само му се причинило. „Ако ги познавате основите на науката, ќе знаете дека е можно на набљудувачот да му изгледа како некое тело да се движи, додека тоа всушност е запрено. Автомобил кој се движи со константна брзина може на набљудувачот да му излгеда идентично како возилото кое се движи брзо, потоа застанува, а потоа продолжува со уште поголема брзина“, објаснува Криуков. Тој својот труд на интернет го поставил за, како што вели, на другите возачи да им овозможи да ја докажат својата невиност ако добијат казна поради поминување покрај знакот „стоп“, и така да избегнат плаќање на казна од 400 долари. „За пресметките ми требаа десетина минути, а целиот труд го напишав за околу два часа. Не ми беше тешко, затоа што сметам дека е подобро да се вложи малку труд, отколку да се плаќа адвокат, судски трошоци и самата казна“, рече тој. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















