Wednesday, 18 April 2012 18:14 Занимливости

Учениците и студентите кои пијат вода пред или за време на контролната задача или испитот постигнуваат подобри резултати од оние кои не го прават тоа.

Учениците и студентите кои за време на важен испит имаат кај себе шише со вода постигнуваат за 10% подобри резултати од оние кои немаат, а тие 10% најчесто прават разлика од една цела оценка.

Иако не е сосема јасно зошто е тоа така, една од теориите е дека информациите полесно и побрзо „патуваат“ меѓу клетките на мозокот кога телото е добро хидрирано. Научниците велат дека водата има смирувачко дејство, затоа што се покажало дека студентите кои за време на испит внесувале течност биле поопуштени и подобро сконцентрирани на задачите кои ги решавале, додека оние кои биле жедни имале послаба концентрација.

Во истражување спроведено на универзитетот во Лондон учествувале стотина студенти, а научниците сакале да утврдат дали конзумирањето на некој вид течност (вода, кафе или сок) влијае на резултатите од испитот. Во обѕир се земани и дотогашните академски резултати на испитаниците, за да се намали можноста за грешки.

Излегло дека тие кои на испит доаѓале „наоружани“ со знаење и некој пијалок постигнуваат за околу 5% подобри резултати. Но, колку што студенотот е помлад, позитивното влијанеи на внесувањето на течноста било поголемо, па така бруцошите за време на испитот имале за 10% подобри резултати од испитаниците од контролната група.

Излегло дека на успехот не влијае видот на пијалок, така што подобрите резултати не можат да се препишат на влијанието на кофеин или шеќер.

„Заклучивме дека подобри академски резултати можат да се постигнат со едноставно внесување на доволна количина вода“, вели д-р Крис Посон од универзитетот во Лондон.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...