ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 17 April 2012 17:35
Занимливости
Ако сте нерасположени, депресивни, безволни, постојат многу начини да си помогнете сами себе. Пијте вода и јадете риба, зеленчук, чоколадо, но и јајца.
Велигден помина и сигурно ви останале уште вапцани јајца од кои можете да направите некои вкусни и занимливи јадења. Во секој случај, немојте да ги фрлате - јајцата се богати со витамин B и протеини кои го подобруваат расположението, посебно во овие тмурни и дождливи поствелигденски денови. Против депресија помагаат и семките од тиква и сончоглед, како и бадемот и кикиритките затоа што тие намирници се богати со магнезиум кој го зголемува лачењето на таканаречениот „хормон на среќа“ - сератонин. Oмега 3 масните киселини од рибното месо ја прават поуспешна работата на оние делови на мозокот кои се задолжени за добро расположение, како и витамини од зелениот зеленчук: брокула, зелка и спанаќ кои на телото му даваат неопходна енергија за борење со стресот. Ако сте нерасположени или чувствувате како да „немате сила“, напијте се малку вода. Научниците откриле дека дури и благата дехидрација влијае на расположението и нивото на енергија. А дека чоколадото е „најдобар пријател“ на тажните личности, одамна е веќе познато. И едноставните физички активности, како брзото одење, можат да бидат ефективни во борбата против депресијата, покажало едно шкотско истражување. Група шкотски научници од универзитетот Стирлинг разработила податоци од осум порани истражувања кои опфаќале вкупно 341 личност заболена од депресија и утврдиле дека одењето резултира со ист ефект во борбата против депресија како и поинтензивните активности. Според нивното истражување, одењето има силно влијание на депресијата, но уште не е јасен механизмот на било кој облик на вежбање, односно телесната активност ги ублажува симптомите на депресија од која во некој период од животот страда една од десет личности. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















