ВИЦ
Две плавуши разговараат: ТОП ВИДЕО |
Saturday, 14 April 2012 14:33
Занимливости
Шестмесечната Изабела веќе оди сама по нужда, зборува и се обидува да диригира со оркестар.
Изабила Онисијук од Велика Британија е родена пред само шест месеци, а веќе ракува со вештини кои нејзините врсници ги очекуваат дури во наредните години. Девојчето не носи пелени, веќе сама го бара нокширот кога ќе го почувствува „повикот на природата“, а нејзините родители велат дека доколку не и го донесат нокширот, трае додека конечно не и го донесат. Нејзините родители се посветиле на правилен развој на бебињата уште пред да се роди - мајката во бременоста слушала Моцарт, Изабела веднаш по раѓањето е изложена на книги, уметност, разни јазици... „Бебето генијалец“, како што ја нарекува британскиот печат, разбира англиски и романски, мајчиниот јазик на својата мајка, диригира со измислен оркестар во четиричетвртински такт, а веќе препознава букви и зборови, така што чита заедно со родителите пред спиење. „Сите бебиња гугаат и брборат, но кај Изабела рано забележавме дека постојано ги повторува истите ‘зборови’. Кога сака млеко, тоа е ‘ех’, кога сака нокшир, вели ‘бубу’. Мислам дека сите бебиња комуницираат така со конретни зборови, но родителите не ги слушаат и не ги разбираат, па тие се откажуваат“, рече нејзиниот татко Фин. Ако се земе во обѕир фактот дека Моцарт свирел од три години, Штефи Граф имаше убиствен бекхенд на девет, а Пабло Пикасо првата слика ја нацртал на четири години, кој знае што ќе прави Изабела?! |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















