ТОП ВИДЕО |
Friday, 13 April 2012 19:25
Занимливости
Познатиот британски супершпион Џејмс Бонд повторно ќе се најде во опасност во новиот, официјален роман на авторот Вилијам Бојд кој ќе биде објавен следната година.
Британскиот книжевник рече дека своето познавање на шпионскиот свет од 1960-тите и добата на Ладната војна ќе ги искористи за да напише нова авантура за ликот кој го создал Иан Флеминг и кој со тек на време стана книжевен и филмски феномен. Бојд е третиот писател кој во полседните години бил повикан од фондацијата Флеминг за да напише роман за Бонд. Пред него тоа го сториле американските автори Џефри Дивер и Себастијан Фолкс. Бојд е познат по романите „Неспокој“, „Добар човек во Африка“, „Судбина на Натали X“ и други. „Никогаш не сум го запознал Флеминг, но знаев некој кој добро го познаваше и имам пишувано многу за Флеминг“, рече Бојд. Тој објасни дека неговиот Бонд, кој сега е во 40-тите, авантурата ќе ја доживее кон крајот на 1960-тите. Други детали не сакаше да открие. Книгата кон крајот на 2013 ќе ја објави Џонатан Кејп, издавачот на Флеминг, а во САД ќе ја објави компанијата Harper Collins. Оваа година филмот за Џејмс Бонд Dr. No го слави 50 роденден, а во октомври се очекува премиера на новиот филм Skyfall. Романите за Џејмс Бонд се меѓу најобјавуваните во светот и продадени се преку 100 милиони примероци. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















