ВИЦ
- Ова е грабеж, дајте ги парите!!! ТОП ВИДЕО |
Sunday, 08 April 2012 08:33
Занимливости
Силните и успешни жени мораат да балансираат повеќе работи одеднаш: во исто време треба да бидат женствени и непоколебливи, силни и емотивни, амбициозни и скромни и така до недоглед. Но, какви да бидат, многу е веројатно дека ќе добијат многу креативни прекари, па поради тоа немојте да се чудите ако сте една од тие успешни жени кои одеднаш зад грб ќе почнат да ја викаат кучка, плачливка, робот или психотична и неурамнотежена.
Ледена кралица Жената која на работа покажува емоции често се доживува како нестабилна и неспособна да го води тимот луѓе. Ако сте топла личност, вашата задача би требало да биде водење на навивачки, а не цел оддел за маркетинг. Таа која не покажува емоции и кон својата работа се однесува исклучиво професионално повторно не чини затоа што ја доживеваат како ладна и мажествена. Сама и осамена Врежено е мислењето дека успешните жени им се непривлечни на мажите и дека немаат време за приватен живот. Многу можат да ве предупредат дека би можеле да останете „стари моми“. Бидејќи, како би можеле да бидете среќни ако немате партнер и ако го сакате тоа што го правите? Мажествена Можеби тоа ги објаснува наводите дека успешните жени не знаат да го задржат мажот; изгледа дека се премногу мажествени. Тоа е затоа што моќта и власта им припаѓаат на мажите, па ако вие поседувате едно од тие две нешта - вие сте една од нив и автоматски повеќе припаѓате на машкиот род отколку на женскиот. Можеби сте и хермафродит, кој би знаел? Спонзоруша Па, се разбира дека за вашиот успех не се заслужни макотрпното учење, дипломата и тешката работа. Сигурно сте спиеле со некој од надредените, па така имате дојдено до сегашната позиција. Поинаку кај нас не бива. Не дај Боже случајно добро да изгледате затоа што тоа би значело дека не сте спиеле само со еден за да успеете, туку веројатно својот приправнички стаж сте го „работеле“ под канцелариската маса. Тип-топ Значи, имате се што треба и како што треба. Не сте прецимолкава, а не сте ни преагресивна. Сте ги воодушевиле сите на натпреварот за работа и затоа заслужено сте ја добиле. Под „заслужено“ се подразбира многу добра врска со помош на која на работното место сега сте токму вие, а не некој друг кој има помалку стручни компетенции за извршување на таа работа. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















