Friday, 06 April 2012 18:23 Занимливости

На ученциите им е дозволено да „дивеат со целосно непочитување на училишните прописи поради малата дисциплина од дома“, рекоа претставниците на просветните работници.

Во студијата на Здружението на наставници и предавачи на Велика Британија, истакнуваат дека премногу попусливите родители од средната класа се виновни за порастот на лошото однесување во училниците, затоа што не им поставиле граници на своите деца.

Здружението предупредува дека четврина од наставниците биле физички нападнати во училиштето во последните 12 месеци со случаи на туркање на наставникот, гребење, удирање, гризење, шутирање и плукање. Една третина се соочила со насилство насочено кон нив или другите ученици.

Половина од наставниците велат дека однесувањето, посебно пречењето во наставата на повисоко ниво, се влошило во последните две години.

Најголемиот проблем кој наставниците го истакнуваат е дека децата не ја следат наставата, не ги почитуваат наставниците, ги користат мобилните телефони на часот и вербално ги навредуваат возрасните. Во многу случаи, ученциите се „многу свесни за своите права“ и не се плашат да им се спротистават на возрасните.

Мери Боустед, генерален секретар на ATL, смета дека овде потфрлиле родителите. „Еден број ученции ги знаат своите права, воопшто не ги почитуваат училишните прописи и помалку се свесни за својата одговорност за учење и како да покажат почитување кон наставниците и другите ученици“, рече таа.

Боустед додаде дека тоа може да се примени на децата од средната класа и сиромашните слоеви. „Не е изненадувачки лошото однесување често да се препишува на проблемите дома“, вели таа.

Во истражувањето на ATL учествувале 814 наставници и членови на персоналот од целата земја во очи на конференцијата на синдикатот во Мачестер.

Во студијата се наведува дека 33% од наставниците имале проблем со насилство со ученците од септември 2011, од нив 28% велат дека насилството било усмерено кон нив, а 29% интервенирале кога учениците нападнале некој нивни соученик.

Речиси половина од наставниците велат дека однесувањето на учениците се влошило во изминатите две години, додека секој шест рекол дека стандардите паднале во последните пет години.

Во студијата се наведува дека попречувањето на наставата со помал обем е најголем проблем во училиштата со 87% наставници кои постојано се присилени да се занимаваат со деца кои не ја следат наставата, 87% со деца кои покажуваат непочитување и 63% биле жртви на вербални навреди.

Се верува дека недостатокот на поддршка од родителите е меѓу главните причини за падот на стандардите на однесување. Еден наставник рекол дека децата знаат дека персоналот не може да направи многу за да воведе дисциплина и тие не се плашат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...