Wednesday, 04 April 2012 16:54 Занимливости

Жителите на Бугарија живеат во една од десетте најнесреќни држави во светот, за разлика од Данците, се наведува во извештајот на универзитетот Колумбија во САД.

На листата од 156 држави, која е формирана врз основа на светските социолошки и економски истражувања и анкети, Бугарија го зазема 147 место. Зад неа се Конго, Танзанија и Хаити.

Жителите на земјите кои се последни на „листата на среќа“, меѓу кои е и Бугарија, имаат до 40 пати помалку приходи и живеат и до 27 години помалку во однос на народите од најсреќните држави на светот.

По Данска, најсреќна држава на светот е Финска, а потоа Норвешка.

Творците на анкетата за светска среќа истакнуваа дека економскиот раст и парите не се единствени критериуми, и како пример ги навеле САД, кои во последните 30 години постигнале значаен економски развој, но чувството на граѓаните за среќа останало речиси непроменето. Поради тоа САД е на 11 место на листата.

Професионалците сметаат дека многу важно во обѕир да се земе здравствената состојба, чувството на слобода, силните врски во општеството, стабилното семејство, довербата во власта и отсуството на корупција.

Извештајот опфаќа истражувања меѓу 2005 и 2011 година.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...