Wednesday, 04 April 2012 10:11 Занимливости

Тоа што едно девојче во Англија наполни шест месеци се смета за вистинско чудо. Ова бебе е родено без капка крв во телото...


Оливија Нортон е родена со сериозна анемија. Таа имала толку ниско ниво на хемоглобин (кој носи кислород во црвените крвни зрнца), така што течноста во нејзиниот организам воопшто не можела да се нарече крв.

Лекарите прогнозирале дека ова дете нема да живее подолго од два часа, но тоа успеало да се опорави и со неколку серии итни трансфузии да преживее. 

Нејзината мајка Луиз Берман вели дека била многу исплашена кога го видела своето “како дух бело бебе”. 

„Оливија дојде на свет толку бледа, што никој од лекарите не знаеше за што станува збор. Кога ја прими првата трансфузија, нејзиното тело полека почна да добива боја”, вели мајката. 

Таа и нејзиното момче забележале дека со бебето нешто не е во ред, бидејќи неколку дена пред породувањето тоа престанало да клоца во стомакот. 

Заминале во болница каде што лекарите по 15-минутен преглед со ултразвук ја пратиле Луиз на итен царски рез. 

Оливија е родена шест недели пред време, а отчукувањата на нејзиното срце биле многу спори. 

Анемијата многу ретко се дијагностицира кај новороденчињата, може да биде резултат на крварење на плацентата или последица на некомпатибилноста на крвните групи на мајката и бебето.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...