Wednesday, 04 April 2012 09:08 Занимливости

Сакате апсолутна тишина? А можете ли да ја поднесете...


Во овие бучни и стресни времиња сите помислуваме на неколку дена апсолутна тишина. Сепак, како што стојат работите, апсолутната тишина се покажала како неиздржлива.

Најдолго колку што некој издржал во "анехоична комора" во Орфилд Лабс во Јужен Минеаполис е 45 минути. Станува збор за соба која апсорбира 99,99 проценти звук и го држи Гинисовиот рекорд како најтивко место во светот. Ако таму останете предолго, ќе почнете да халуцинирате.

“Ги предизвикуваме луѓето да се обидат да седнат во комората во мрак. Еден репортер издржа 45 минути. Кога е тишина, ушите се прилагодуваат, а колку станува потивко, слушате се повеќе. Ќе си го слушнете на пример, чукањето на срцето, дишењето, работата на желудникот. Во комората вие станувате звук“, рекол Стивен Орфилд.

Станува збор за прилично непријатно искуство, а седењето станува нужност.

“Обично се ориентирате според звуците на сопствените чекори, а во комората го немате тој луксуз. Одземени ви се перцептуалните помагачи кои вам ви овозможуваат рамнотежа и маневрирање. Ако сте таму половина час, морате да седите“, рекол тој.

Орфилид Лабс инаку се користи за тестирање на производи. На пример, oд “Харли Дејвидсон” ја користеле оваа комора за да ги направат своите мотори потивки, а и понатаму да звучат моќно, а и “Мајкрософт” ја тестираат својата опрема во слични простории.

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...