Sunday, 01 April 2012 13:39 Занимливости

Работодавците кои сакаат да ја зголемат продуктивноста на своите вработени, би можеле да го послушат советот на научниците и да им дозволат на работниците на работа да го донесат својот четириножен миленик.

Кучињата на работно место не само што можат да го намалат стресот на своите работници, туку да ја направат работата попријатна за нивните колеги, па и целиот колектив, тврдат американските научници.

„Кучињата на работно место можат да направат позитивна разлика“, рече водачот на истражувањето, професор Рандолф Баркер од универзитетот Вирџинија Комонвелт.

„Тие се како голем тампон кој ги ублажува ударите од стрес, позитивно делуваат на продуктивноста, влијаат на намалувањето на изостанувањето од работа и го поттикнуваат работниот морал“, наведе Баркер.

Претходните истражувања покажале дека дружењето со кучиња го намалува крвниот притисок, како и дека благотворно делува на пациентите во болница и старечки домови.

Меѓутоа, научниците напоменуваат дека е важно кучето да биде добро истренирано и послушно за да не предизвика уште поголем стрес и хаос, наместо опуштање.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...