Saturday, 31 March 2012 17:23 Занимливости

Американецот Џејмс Аруда Хенри има повеќе причини да биде горд, освен што сам ја изградил својата куќа и се грижел за семејството, овој рибар на 92 години научил да чита и пишува, а потоа и да напише книга.

Џејмс до својата 92 година бил неписмен. Не умеел да прочита дури ни мени во ресторан, а бидејќи бил горд човек му се случувало да остане гладен затоа што не сакал да побара туѓа помош.

Сега во 98 година од својот живот, објавил збирка автобиографски есеи насловена како In A Fisherman's Language, во која го опишува своето сиромашно детство во Португалија, потоа доаѓањето во Америка и своите авантури на море.

Книгата постигнала голема популарност и станала дел од лектирите во основните училишта.

„Не верувам дека ќе стигнам волку далеку. Не знаев да читам, ни да пишувам. Можам да ви кажам дека сум многу среќен човек, затоа што сега луѓето ми се јавуваат и ми пишуваат“, рече рибарот.

Џејмс останал неписмен човек затоа што морал рано да го напушти училиштето за да му помогне на своето семејство да заработи пари. Работел секакви работи, од пекар до ѕидар.

Целиот свој живот, Џејмс копнеел да научи да чита и да пишува. Првите букви ги научил со помош на младите роднини, а потоа со денови работел сам, учејќи зборови од еден детски речник.

Кога по многу маки ја совладал азбуката, почнал да чита се што ќе му паднело под рака и сфатил дека и сам може да напише книга.

Така настанала збирката приказни In A Fisherman's Language која од објавувањето во ноември е продадена во повеќе од 3.000 примероци.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...